Владо Георгиев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Владо Георгиев
Remove ads

Владимир Владо Георгиев (роден на 6 јуни 1976 г.) е српски поп пејач, композитор и текстописец.

Кратки факти Владо Георгиев, Животописни податоци ...
Remove ads

Животопис

Семејство и личен живот

Георгиев е роден во Дубровник, Хрватска, од татко Драгољуб [2] од Димитровград, Србија, и мајка Борка [2] од Сараево, Босна [3] Тој има постар брат, Саша.[2] Кратко време по неговото раѓање, неговото семејство се преселило во Херцег Нови во Црна Гора, каде што израснал и живеел до 16-годишна возраст (околу 1993),[3] по што тој и неговиот брат се преселиле во Белград [2]

Тој вози мотори [2] и патувал околу Европа со неговиот Харли-Дејвидсон. Тој, исто така, се искачил на Хималаите. Неговите други интереси вклучуваат морски спортови и чамци.

Во ноември 2020 година му беше забранет влез во Црна Гора за време на немирите во земјата поради „причини за национална или внатрешна безбедност или јавно здравје“.[4] Забраната беше укината во јануари 2021 година по промената на владата во Црна Гора.[5]

Кариера

Георгиев има снимено три студиски албум до денес: Навика во 2001 година, Жена без име во 2003 година и Далечина во 2013 година. Во 2005 година Георгиев го објавил хит синглот Нисам љубоморан (Не сум љубоморен). По две години пауза, тој го објавил синглот До свитања (До зори), заедно со баладата наречени Ти и ја (Ти и јас). Во 2009 година Георгиев објавил два синглови повторно, Хеј ти (Еј), кој доживеал голем успех, заедно со балада насловена како Без тебе.

Тој е музичар и композитор. Тој првично свирел хармоника и имал желба да стане голем џез музичар. Потоа тој почнал да свири пијано, синтисајзери и други клавијатурни инструменти. Тој станал познат аранжер и работел со многу екс-југословенски и странски ѕвезди. Потоа тој почнал да пишува песни за себе и за другите популарни ѕвезди во поранешна Југославија. Тој бил, исто така, продуцент на црногорскиот хип-хоп бенд Монтенигерс, и сè уште е пријател со пејачот Нигор. Георгиев и Нигор, го снимиле заедно синглот Тропски бар.

Тој е меѓу најпопуларните пејачи и изведувачи во Србија и Црна Гора, и е многу популарен во сите екс-југословенски држави. Тој е сопственик на издавачка куќа Барба музика. Тој е голем борец за правата на авторите.

Тој бил водител на српската верзија на талент-шоуто "The Voice" ("Први глас Србије") во 2011 и 2012 година.

Remove ads

Дискографија

Албуми

  • Навика, 2001
  • Жена без име, 2003
  • Далечина, 2013

Синглови

  • Нисам љубоморан (Не сум љубоморен), 2005
  • До свитања (До зори), 2007
  • Хеј ти (Еј), 2009

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads