Владовска праисториска населба
праисториска населба кај селото Владово, Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Владовска праисториско населба (грчки: Προϊστορικός οικισμός Άγρας) — праисториска населба и археолошко наоѓалиште кај селото Владово (Аграс) во Воденско, Егејска Македонија, денес во Грција.[1][2] Се состои од дела, кои потекнуваат од различни периоди.
Во месноста наречена Тумба Чука се остатоците од населба од доцното бронзено време (1650 / 1600-1100 г. п.н.е.), јужно од патот Воден-Лерин, а западно од Владово.[3]
Североисточно од тумбата, на брегот на реката Вода е откриена значајна гробница од железното време (1000-700 г. п.н.е.). Ископани се 50 гроба со изобилство предмети како накит, оружје, грнчарија и замајци од вретена.[3] Низ местото минува римскиот пат Вија Егнација.[1][2] Во 1995 г. наоѓалиштето е прогласено за споменик на културата.[1]
Remove ads
Поврзано
- Селиште — историска населба во околината
- Владовско Езеро
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads