Врдомици

село во Кајларско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Врдомици
Remove ads

Врдомици или Ердогмуш (грчки: Ποντοκώμη, Понтокоми), до 1927 г. Ερτομούς Ертомус) [2]село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 1.116 жители.

Кратки факти Врдомици Ποντοκώμη, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во источното подножје на планината Црвена Гора (Вуринос).

Историја

За време на Османлиското Царство

Кон крајот на XIX век Врдомици (Ердогмуш) е турско село во Кајларската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Ердомусли живееле 875 Турци.[3]

Во Грција

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Врдомици станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Врдомици има 977 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 299 семејства и 1.093 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Пондокоми, што во превод значи Понтиско Село.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads