Георги Папанчев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Георги Папанчев
Remove ads

Георги Илиев Папанчев (наречен Лечо и Сучурумски[1][2]) — македонски револуционер и војвода, учесник во македонското револуционерно движење, офицер во бугарската армија и воен инструктор во Леринскиот револционерен округ на МРО.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Папанчев е роден во 1872 г. во сливенското маало Клуцохор, тогаш во Отоманското Царство, денешна Бугарија. Потекнувал од револуционерно семејство. Татко му Илија Папанчев бил член на Сливенскиот револуционерен комитет пред ослободувањето на Бугарија, неговиот чичко Петар Папанчев бил адвокат, пратеник и новинар, а неговиот брат Александар Папанчев загинал како офицер во Битката кај Сливница во 1885 г.[3] Завршил IV клас на Сливенската гимназија, а на 31 јануари 1894 г. стапил на воена служба и од 17 јуни 1895 година бил резервен потпоручник. Завршил Школа за резервни офицери и служел во 16-иот пешадиски ловчански полк.[4] Есента 1902 г. Лазар Поп Трајков и Тома Давидов го привлекле Папанчев во ВМОРО, за да го замени загинатиот војвода Марко Лерински. Првично бил во Костурско, а во октомври 1902 г. се стационирал во селото Баница, Леринско со 15 комити. Негов помошник-војвода бил Митре Влаот. Таму, во февруари 1903 г. се сретнал со четата на Борис Сарафов, а бомбардерот на одредот на Сарафов, Дачо Георгиев, останал со него.

Thumb
Четниците на Георги Папанчев Дине Неделков и Трајко Јанев од Баница

Од 27 февруари (стар стил) до 15 март 1903 г. четата била следена од турски аскери. Војводата имал неколку борби во кои загинале повеќето четници, а останатите се стационирале во Пателе. На 7 март, четата водела седум часовна борба во Баница, така што го крши обрачот со напад на нож воден од Папанчев и Дачо Георгиев. На 27 март, кај селото Спанци четата повторно води битка. Од 50 души аскер загинале 22, а од комитите загинал еден, а двајца биле ранети. Четата се разбегала, а Георги Папанчев ги оставил офицерските алишта и преоблечен како селанец со учителката и една жителка преминал меѓу турските позиции и фрлил неколку бомби, а додека Турците биле збунети и исплашени, останатите комити под раководство на Дачо Георгиев се извлекле. Четата со војводата се собрала во планинското село Сребрено. Таму, Папанчев се сретнал со костурските војводи Иван Попов и Коте Христов.

На 10 април во селото Лесковец, четата имала повторно борба со Турците, но со помош на 100 души милиција од Баница успела да се извлече. На 17 април Папанчев добил писмо од Борис Сарафов да замине за Смилево. Ја оставил четата на Дочо Георгиев и Георги Чакаров и заминал. На Смилевскиот конгрес бил делегат од Леринско и, не чекајќи го крајот на состанокот на 4 мај, се вратил во својот одред.

Thumb
Битката кај Баница, „Илустрејтед Лондон Њуз“, 16 мај 1903 г.

По убиството на Тома Давидов, неговите комити влегле во четата на Георги Папанчев. На 14 мај се дознало дека тој е назначен за окружен началник во Лерин за Илинденското востание, а Михаил Чеков за негов заменик. Одредот бил поделен на тројца, при што војводата останал со своите помошници во Белица, каде што имале задача да изработат бомби и да го водат претстојното востание. Од 15 до 17 мај бил на средба со други војводи и ги координирале дејствијата за востанието. На 27 мај се вратил во Баница со собрана муниција од соседните региони.

На 28 мај 1903 г. четата е предадена од шпиони и ден подоцна, во битка со турски аскер во с. Баница, Леринско загинале војводите Георги Папанчев, Евстрати Дачев, Васил Попов и Сиљан Пардов, заедно со 13 комити.[5] Тие биле погребани во дворот на црквата „Св. Никола“, сместена во северниот крај на селото. Откако Баница потпаднала под грчка власт во 1913 г., неговиот гроб е уништен.[6] Спомен плоча на Георги Папанчев денес се наоѓа во родното маало.[7][8][9]

Христо Силјанов напишал за него:

Чисти во својата младешка восхит, неодоливо прекрасни претстави се издигнуваат од задгробното царство на светите македонски сенки, и откако добија месо и крв, маршираат во овој момент пред мојот солзлив поглед... Георги Папанчев, исто така од Сливен, уреден, никогаш не ја заборава својата тоалета, дури и во опасни моменти...[10]

Во чест на Георги Папанчев е наречена улица во населбата Факултета во Софија (Map).

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads