Спанци

село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Спанци
Remove ads

Спанци (грчки: Φανός, Фанос; до 1926 г. Σπάντσα, Спанца или Σπάντσι, Спанци[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 87 жители (2011).

Кратки факти Спанци Φανός, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено 32 км југоисточно од Лерин, 7 км западно од Суровичево и 3 км од Горно Врбени. Лежи во областа Сариѓол, во подножјето на планината Вич.

Историја

Праисторија

На 3 км јустоисточно од селото во месноста Ливада има остатоци од праисториска населба од неолитот и раното бакарно време. На рид половина километар источно од Спанци има и другоаа праисториска населба, исто така од бакарно време. Во месноста Тумба Ливада стојат остатоци од градба од византиско време.

Во Отоманското Царство

Во минатото селото било населено исклучиво со Македонци.[3] Кон крајот на XVIII век Али-паша Јанински во Спанци и соседното Гулинци почнал да населува Турци-Јуруци кои со време го истиснале домородното македонско население. На крајот од XIX век Спанци е забележано како турско-ромско муслиманско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спанци (Spantzi) имало 25 домаќинства со 67 жители Македонци,[4][5] што е веројатно погрешен или мошне стар податок, од времето пред иселувањето на Македонците.

Во 1889 г. Стефан Верковиќ напишал за Спанци:

Село Спанче со 50 муслимански куќи, од кои се зема 7.250 пијастри данок. Сместено е во рамницата. Жителите се занимаваат со земјоделство.[6]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), Спанци во 1900 г. имало 120 Турци и 60 Роми.[7] Во следниот период во селото се доселиле две македонски семејства. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Спанци се состоело од 25 турски и 2 македонски куќи.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Спанци се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 38 куќи.[8]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во селото живееле 162 лица, кои во 1920 г. броеле 142.[3] Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Кавказ и Власи од Влашка Блаца, Кајларско. Подоцна во Спанци се доселиле уште македонски семејства од околните села. Во 1926 г. селото е преименувано во Фанос.[9] Така, во 1928 г. Спанци повторно станало мешана населба, овојпат со македонско, влашко и грчко доселеничко население — вкупно 122 жители.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото произведува жито, тутун и грозје, а делумно и сточарски преработки.[3]

Личности

Починати во Спанци
  • Доне Липитков (1875 – 1905) — револуционер

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads