Горно Шимширли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горно Шимширли (грчки: Άνω Πυξάρι, Ано Пиксари)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 17 километри источно од градот Драма и на 25 километри североисточно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 252 метри.
Историја
Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Демографија
До 1928 година во селото биле населени 87 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 87 жители, додека во 1940 година селото броело 85 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 64 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 139 жители, во 1971 година имало 63 жители, во 1981 година имало 25 жители, додека во 1991 година имало 34 жители[6]. Денеска, населението на селото е 20 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads