ЕВН Македонија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

ЕВН Македонија — македонско акционерско друштво кое претставува групација на одделни компании во областите на дистрибуција, производство и трговија на електрична енергија.

Кратки факти Матично име, Дејност ...
Remove ads

Историја

Како дел од процесите за воведување на современи одредби од областа на енергетиката, државната компанија АД Електростопанство на Македонија (ЕСМ) во 2005 година била поделена на три одделни компании кои ги покриваат трите основни области во полето на пазарот со електрична енергија:[1][2][3][4]

  • пренос: Македонски електропреносен систем оператор (МЕПСО) како оператор на електропреносниот систем
  • производство: Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) како компанија за производство на електрична енергија. Компанијата била преименувана во 2019 година во ЕСМ - Електрани на Северна Македонија по промената на името во Северна Македонија.
  • дистрибуција и снабдување : ЕСМ АД, подоцна продадена во 2006 на австриската ЕВН Групација и преименувана во EВН Македонија. Покрај дистрибуција и снабдување, компанијата го има преземено управувањето со наследените производствени капацитети поврзани на дистрибутивната мрежа.

Со понатамошното воведувањето на европските регулативи од областа на енергетиката како дел од процесот на евроинтеграција на државата, компанијата има прераснато во групација на одделни компании поединечно насочени во пазарно регулираните области.

Групацијата е составена од следните копмании:

  • Електродистрибуција — оператор на дистрибутивната мрежа
  • ЕВН Хоме — универзален снабдувач и снабдувач во краен случај
  • ЕВН Снабдување — снабдувач на електрична енергија на слободниот пазар
  • ЕВН Електрани — производител на електрична енергија
Remove ads

Организација и управување

Електродистрибуција

Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија која управува со дистрибутивната мрежа за електрична енергија во Македонија.

ЕВН Хоме

ЕВН Снабдување

ЕВН Електрани

EВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје (кратенка: ЕВН Електрани) е компанија за производство на електрична енергија, дел од групата компании што ја сочинуваат ЕВН Македонија АД. Оваа компанија управува со 11 мали хидроцентрали, кои се ревитализирани и целосно автоматизирани. Нивната вкупна инсталирана моќност изнесува 47 MW, додека просечното годишно производство изнесува 140 GWh.[5] Ваквото производство на годишно ниво обезбедува електрична енергија за околу 20.000 домаќинства. Во 2010 година овие електрани оствариле рекордно производство од 218 GWh.

Малите хидроцентрали во сопственост на ЕВН се: ХЕ „Матка“, ХЕЦ „Пена“, ХЕЦ „Попова Шапка“, ХЕЦ „Бабуна“, ХЕЦ „Песочани“, ХЕЦ „Белица“, ХЕЦ „Сапунчица“, ХЕЦ Калиманци, ХЕЦ „Зрновци“, ХЕЦ Турија и ХЕЦ „Дошница“.

Повеќе информации Хидроцентрала, Инсталирана моќност (MW) ...
Remove ads

Активности

Општествена одговорност

Во 2020 година, ЕВН Македонија ја започнала програмата „Лост“ за стипендирање на студенти од сиромашни семејства, кои студираат електроенергетика на некој од македонските универзитети.[6]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads