Еберхолцен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Еберхолцен (германски: Eberholzen) — село и поранешна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 ноември 2016 година е дел од општината Зибесе.
Remove ads
Историја
Еберхолцен е многу старо село. Првото спомнување на селото, кое првично се нарекувало „Ајлберехолтхузен“ (Eilbereholthusen), било во документ напишан во 1240 година.[1] Според документот Еберхолец бил подарок за манастирот во соседното село Ешерде.
Знаменитости
Кулата на протестантската црква потекнува од XII век. Во дворот на црквата се наоѓа средновековен камен гроб. Според легендата припаѓа на „Витезот од Еберхарт“ (Ritter von Eberhardt), витез кој бил истеран и не бил закопан на гробиштата во Еберхолцен.
Во селото се наоѓаат добро зачувани фахверк куќи.
Инфраструктура
За разлика од многу села во Долна Саксонија, Еберхолцен сѐ уште има традиционална селска продавница. Постои и месарница, како и автобуска станица со линии до Хилдесхајм и Алфелд.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads