Електрична спроводливост

физичка величина From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Електроспроводливост (специфична електрична спроводливост) е мерата во која еден материјал може да спроведува електрична струја. При поставување на електричен потенцијал низ еден проводник, подвижните полнења течат, создавајќи електрична струја. Спроводливоста σ соодносот помеѓу густината на струјата и силата на електричното поле :

.

Постојат и материјали каде спроводливоста е анизотропски, каде σ е 3×3 матрица, која е генерално симетрична.

Спроводливоста е реципрочна (обратна) на електричната отпорност и ја има SI единицата сименс на метар (S·m−1) т.е. ако електричното спроведување помеѓу две спротивни страни на 1-метарска коцка материјал е 1 сименс, тогаш елетричната спроводливост на тој материјал е 1 сименс на метар. Електроспроводливоста се изразува преку грчката буква σ, но повремено се користат и κ или γ.

Remove ads

Класификација на материјалите по спроводливост

Некои типични електрични спроводливости

Повеќе информации Електро- спроводливост (S·m−1), Температура (°C) ...
Remove ads

Комплексна спроводливост

За анализирање на спроводливоста на материјали изложени на променливи електрични полиња, потребно е спроводливоста да се третира како комплексен број (или матрица комплексни броеви, во случај на горенаведените анизотропски материјали) наречена адмитивност. Оваа метода наоѓа примена кај електричната импедантна томографија, вид индустриска и медицинска визуелизација. Адмитивноста е збир од реалната компонента нарелена спроводливост и имагинарна компонента наречена сусцептантност. Архивирано на 13 октомври 2010 г.

Зависност од температура

Електроспроводливоста е во голема мера зависна од температурата. Кај металите електроспроводливоста се намалува со зголемување на температурата, додека кај полуспроводниците зголемувањето на температурата знаи зголемена спроводливост. Низ извесен температурен дијапазон, електроспроводливоста може да се воопшти како правопропорционална на температурата. За споредување на мерењата на спроводливост при разни температури, тие треба да се стандардизираат (сведат) на заедничка температура. Оваа зависност често се изразува со нагиб на една графа на температура-спроводливост, и може да се користи:

каде

σT′ е електроспроводливоста при заедничка температура, T′
σT е електроспроводливоста при измерена темпаратура, T
α е нагиб на температурната компензација на материјалот,
T е измерената температура,
T′ е заедничката температура.

Нагибот на температурна компензација на највеќето води во природна состојба е околу 2 %/°C, но може да варира помеѓу (1 to 3) %/°C. На овој нагиб влијае и геохемијата, и може лесно да се одреди во лабораторија.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads