Западни Фјордови

регион во Исланд From Wikipedia, the free encyclopedia

Западни Фјордовиmap
Remove ads

Западни Фјордови (исландски: Vestfirðir, тр. Вестфирдир) — голем полуостров и регион во северозападниот дел на Исланд. Сместен е на Данскиот Проток и гледа кон источниот брег на Гренланд. Поврзан е со остатокот од земјата преку теснец широк 7 км помеѓу Ќилсфјердир и Питрифјердир. Подрачјето е исклучително планинско и има бројни фјордови над кои се издигаат стрмни падини. Овој стрмен и завиен терен значително го отежнува патниот сообраќај, а патиштата, покрај тоа, се затворени неколку месеци во годината поради мраз и снег. Состојбата е подобрена со изградбата на патниот тунел „Вестфјардакенк“ во 1996 г.

Кратки факти Западни Фјордови Vestfirðir, Земја ...
Thumb
Карта на Западните Фјордови.
Thumb
Селото Полунгарвик на фјордот Исафјардарјуп.

Стрмните карпи на Лаутапјарг ја сочинуваат надголгата гнездилна колонија во северниот Атлантски Океан и ја бележат најзападната точка во Исланд. Во северниот дел на полуостровот е и ледникот Дрангајекидл, кој е петти по големина во земјата, но единствен во регионот.

Регионот е најстудениот дел на Исланд, што се должи на Источногренландската Струја.

Remove ads

Население

Оскудноста на ниско земјиште на ова подрачје во голема мера го ограничила развојот на земјоделството, кое се состои од малоразмерно овчарство крај фјордовите. Месното стопанство зависи од добрата положба на риболовните пристаништа, засолнети во фјордовите. Населението е малобројно: во 2007 г. регионот имал само 7.380 жители, од кои 4.000 отпаѓаат на најголемото населено место — гратчето Исафјердир.

Remove ads

Општини

Повеќе информации Општина, Изворно ...
Remove ads

Занимливости

Во 1615 г. 32 Баскиски китоловци доживеале бродолом во фјордовите и биле убиени од мештаните поради недоразбирање. Потоа, управникот донел закон дека секој Баскиец што ќе се забележи во регионот треба да се убие на лице место. Законот е укинат во 2015 г.[2]

Поврзано

  • Пардастренд

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads