Захаријас Пападас

From Wikipedia, the free encyclopedia

Захаријас Пападас
Remove ads

Захаријас Андруцос, познат како Пападас или капитан Фуфас (грчки: Ζαχαρίας Παπαδάς; καπετάν Φούφας), бил грчки офицер, деец на грчката вооружена пропаганда, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Захаријас Пападас е роден 1876 година во селото Платанаки, Аркадија во Грција. Како поручник на грчката армија во 1906 година со андартска чета влегол во Македонија и се вклучил во Борбата за Македонија.

Со својата чета ги обиколувал Нередска Планина, Лерин и Пелистер. Во март истат година со чета од 250 души навлегол во Корештата, но бил одбиен од турската армија. На 17 април го нападнал селото Крапешино.[1]. На 18 април со капетанот Вардас (Георгиос Цондос) заробил 45 жители од селото Сребрено по што ликвидирал два мажа и две жени [2].

На 23 април 1906 година убива четворица македоци-егзархисти кај село Трсје [3].

На 10 април 1907 година Захаријас Пападас повторно се вратил во Македонија. Ноќта на 7 мај обединетите чети на ЗахаријасПападас, подпоручикот Григорис Фалиреас, капетаните Андреја, Мицо и Флора, го нападнале селото Паљор.

Нападот започнал во 9 часот вечерта по што дошло до битка со селската милиција на Македонската револуционерна организација, битката траела цела ноќ.

Вооружените селани ги убиле Пападас и четворица други андарти кај куќата на Кире Банчелов, а неколку други андарти биле ранети. При повлекувањето андартите подпалиле 4 куќи и убиле 3 жени [4].

Во 1932 година селото Паљор е преименувано во Фуфас, псевдоник на капетанот Пападас. Во 1992 година е основан силогосъо (комитет) „Капитан Фуфас“, една од неговите основни цели е „да се засилува грчкото сознание“ на населението [5].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads