Кафеаво подџуџе

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кафеаво подџуџе
Remove ads

Кафеаво подџуџе или кафеаво џуџе со планетарна масаастрономско тело што настанало на ист начин како ѕвездите и кафеавите џуџиња (со колапс на гасовит облак) но има планетарна маса, и затоа по дефиниција е под ограничувачката маса за термојадрено соединување на деутериум (околу 13 MJ).[1] Некои истражувачи ги нарекуваат самотни планети,[2] а други ги нарекуваат кафеави џуџиња со планетарна маса.[3]

Thumb
Споредба: Сонцето (жолто), младо кафеаво подџуџе (црвено) и Јупитер (шарен). Како што старее, кафеавото подџуџе постепено се лади и смалува.
Remove ads

Опис

Кафеавите џуџиња се образуваат на ист начин како ѕвездите, со колапс на гасовит облак (можеби со помош од фотоерозија) не нема консензус за тоа дали процесот на образување треба да се зема предвид кога се одредува дали телото е планета.[4] Слободнолебдечките кафеави подџуџиња при набљудување може да изгледаат истоветно со самотните планети, кои првично се создале околу ѕвезда а потоа исфрлени од орбитата. Така, едно кафеаво џуџе создадено како слободнолебдечко во ѕвездено јато може да биде зафатено во орбита околу ѕвезда, поради што кафеавите џуџиња многу тешко се разликуваат од големи планети. Работната група за вонсончеви планети на МАС (WGESP) дала дефиниција за поимот „кафеаво подџуџе“, која гласи дека тоа е слободнолебдечко во младо јато под долната масена граница на кафеавите џуџиња.[5]

Долна масена граница

Најмалата маса со која еден гасовит облак може да колабира во кафеаво џуџе изнесува околу 1 Јупитерова маса (MJ).[6] За да клолабира со гравитациско собирање, телото мора да зрачи енергија во облик на топлина, и ова е ограничено од непроѕирноста на гасот.[7] Во труд од 2007 г. е опишан кандидат од 3 MJ.[8]

Remove ads

Список на можни кафеави подџуџиња

Во орбита околу една или повеќе ѕвезди

Нема консензус за тоа дали овие придружници на ѕвездите треба да се сметаат за кафеави подџуџиња или за планети.

  • 2MASS J0441+2301 Bb

Во орбита околу кафеаво џуџе

Во 2022 г. работната дефиниција за вонсончева планета на МАС ги исклучува овие тела од планети.[9] За нив единствено одговара називот кафеави подџуџиња, но почесто се нарекуваат тела со планетарна маса (планема). Други дефиниции, како онаа на Архивот на вонсочеви планети на НАСА или Енциклопедијата на вонсончеви планети ги определувааат истите како вонсочневи планети. Нема консензус за тоа дали овие придружници на кафеави џуџиња треба да се сметаат за кафеави подџуџиња или за планети.

WISE J0336−0143B

WISE J0336−0143B кружи околу кафеаво џуџе или кафеаво подџуџе. Главното тело има маса од 8,5 до 18 MJ, а споредното е со маса од 5-11,5 MJ. Ова тело не одговара на работната дефиниција на МАС за вонсончева планета.[9] Таа дефиниција бара масен сооднос од приближно q<0,04, но соодносот на WISE J0336−0143AB е q=0,61±0,05.[10] Не одговара ни на дефиницијата за самотна планета бидејќи телото е гравитациски врзано за кафеавото џуџе (или подџуџе). Затоа, останува дека сае работи за кафеаво подџуџе.

2M1207b

2M1207b кружи околу младо кафеаво џуџе со околуѕвезден диск, а и самата веројатно има таков диск. The mass ratio is well above the upper limit of q=0,04 for exoplanets.[11]

Други

Други примери за тела со планетарна маса кои кружат околу кафеави џуџиња и имаат MB<13 MJ и q>0,04:

  • CFHTWIR-Oph 98B, со MB=11,6+0,4
    0,8
    MJ и q=0,509+0,017
    0,023
    [12]
  • 2MASS J04414489+2301513Bb, со MBb=9,8 ± 1,8 MJ и [13]
  • 2MASS J0249-0557ABc, со Mc=11,6+1,3
    1,0
    MJ и [14]

Слободнолебдечки

Овие тела се нарекуваат и самотни планети:

  • WISE 0855–0714 3–10 MJ (на далечина од 7 сг)
  • S Орион 52
  • UGPS 0722-05 10–25 MJ (на далечина од 13 сг)
  • Cha 110913-773444 5–15 MJ (на далечина од 163 сг)
  • CFBDSIR 2149-0403 4–7 MJ (на далечина од 130 сг)
  • OTS 44 11.5 MJ (на далечина од 550 сг)
  • PSO J318.5-22 6–8 MJ (на далечина од 80 сг)
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads