Клаустрофобија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клаустрофобија[1][2] — тревожно растројство кое вклучува страв од затворени или тесни простори. Клаустрофобичарите може да доживеат напади на паника при влегување во затворени простори како што се лифтови, возови или авиони.[3]
Клаустрофобијата може да се лечи на сличен начин како и другите тревожни нарушувања. Постојат низа методи, вклучувајќи когнитивна бихевиорална терапија и употреба на противанксиозни лекови.
Клаустрофобијата се смета за спротивна на агорафобијата, односно „страв од отворени простори“. Ова е претерано поедноставување бидејќи клаустрофобичарите може да се плашат и од толпи, па на пример, прометен градски плоштад може да предизвика и клаустрофобични и агорафобични напади.
Remove ads
Честота
Истражувањата покажуваат дека 5-10% од луѓето кои се подложени на скенирање со јадрена магнетна резонанција имаат клаустрофобија. Понатаму, кај 7% од пациентите е откриено дека имаат „неидентификувана“ клаустрофобија, што предизвикува скенирањето да заврши предвреме. 30% изјавиле дека доживеале блага непријатност поради тоа што морале да лежат во затворен простор подолг временски период.
Лечење
Постојат неколку психотерапевтски методи за лекување на клаустрофобија.
- Преплавување — Во овој начин на лечење со изложувае, пациентот е изложен на затворени простори. Сфаќањето дека се соочил со својата најстрашна ситуација и дека ништо лошо не му се случило, може да биде многу моќен начин на лечење.
- Контраусловување — Ова е метод на систематска десензитивизација, каде што пациентот се учи да користи посебни техники на опуштање и визуелизација кога искусува анксиозност поврзана со фобија. Елементите што ја активираат фобијата се воведуваат полека, чекор по чекор, додека лицето се сосредочува на физичко и ментално опуштање. На крајот, лицето треба да биде способно да се соочи со изворот на својот страв без да чувствува вознемиреност.
- Моделирање — Слично на тоа, овде на пациентот му се прикажани луѓе кои минуваат низ криза, а пациентот е охрабрен да ја подражава нивната сигурност.
- Когнитивна терапија на однесување — Лицето се охрабрува да се соочи со стравот и да ги промени посебните мисли и ставови што водат до чувство на страв.
- Лекови — Лекови како што се анксиолитици и антидепресиви. Лековите познати како бета-блокатори може да се користат за лекување на физички симптоми на анксиозност, како што е тропање на срцето.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Дополнителна литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads