Косовски заштитен корпус

From Wikipedia, the free encyclopedia

Косовски заштитен корпус
Remove ads

Косовски заштитен корпус или скратено КЗК (албански: Trupat e Mbrojtjës së Kosovës - TMK) — наследничка организација на терористичката ОВК во Косово. Единицата била формирана од КФОР во 1999 година. КЗК имаше околу 5.000 припадници. Според замислата на западот, КЗК требало да помогне во деминирање и обновување на инфраструктурата на Косово, но исто така да го заштити населението. Целта на западот беше компромис за разформиранњето на терористичката ОВК, да се одстранат радикалните елементи и да служи како почесна верзија на ОВК. Брзо доаѓаа сомнежи за угледот на КЗК. Според некои извори, голем дел од припадниците на КЗК имаат учествувано во разни ликвидации, киднапирања и криминал.[1][2].

Кратки факти Косовски заштитен корпус (КЗК) (Trupat e Mbrojtjës së Kosovës), Период на делување ...

Во текот на војната во Македонија во 2001 година, од Косово, околу 600 до 700 припадници на КЗК упаднаа на македонската територија во Битката за Радуша, која важи за најжестоката битка во целата војна 2001 година. Тогаш за првпат АРМ го употреби Сухои Су-25 за да ги извлечат македонските бранители кои броеаа околу 30-тина полицајци. Бројот на загинатите терористи на КЗК бил наводно огромен, според руски извори имало најмалце 100-тина загинати терористи во борбите.[3] Постојат и претпоставки дека загубите се уште поголеми.

Тогашното Косово беше протекторат на Обединетите нации, што би значело дека Македонија е нападната фактички од нив. Токму поради таа агресија од Косово, Македонија не прогласи воена состојба.[4]

Во 2009 година КЗК е разформирана, а голем дел од припадниците се денес дел од безбедносните сили на Република Косово.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads