Кралство Сасекс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кралството на Јужните Саксонци, денес наречено Кралство Сасекс (староанглиски: Sūþseaxna rīce), било едно од седумте кралства од англосаксонската Хептархија.[7] На јужниот брег на островот Велика Британија, таа првично била саксонска колонија од шестиот век, а подоцна и независно кралство.
Remove ads
Историја
Историските податоци за Кралството Сасекс се многу сиромашни, нема сочувана листа на кралеви, имало неколку локални владетели и било помалку централизирано од другите англосаксонски кралства.[8]
Основање
Кралството Сасекс според Англосаксонската хроника е основано во 477 година кога Еле со три брода со неговите три сина пристигнал на местото наречено Кименшор [9] и го освоил денешен Сасекс.[10][11] Еле станал врховен господар на другите англосаксонски кралства јужно од Хамбер. Историчарите спорат околу тоа дали Еле навистина постоел или не,[9][12][13] но сепак има археолошки докази кои го поткрепуваат стојалиштето дека во петтиот век Јужните Саксонци краткотрајно наметнале контрола на областите до Мидлендс.[14]
Христијанизација и губење на независноста (600–860)
По 491 година, нема пишана историја за Сасекс до 607 година, кога според аналите Кеолвулф од Весекс се борел против Јужните Саксонци.[15] Загрозени од Весекс, Јужните Саксонци се обиделе да си ја зачуваат независноста преку сојуз со Мерсија.[16] Сојузот помеѓу Мерсија и Јужните Саксонци бил дополнително зацврстен откако кралот на Сасекс, Етелвал, ја примил христијанската вера со посредство на Мерсија. Со тоа Етелвал станал првиот христијански крал на Сасекс. Вулфхер (Мерсискиот крал) на Кралството Сасекс му ги отстапил Островот Вајт и територијата на Меонвара (долината по течението на реката Меон во денешен Хемпшир).[17]
Во 681 година, прогонетиот Свети Вилфрид од Нортамбрија пристигнал во Кралството на Јужните Саксонци и масовно го покрстил населението.[17]
Набргу по пристигнувањето на Свети Вилфрид, кралството било опустошено од прогонетиот западносаксонски принц Кедвала, а кралот Етелвал бил убиен.[18] Кедвала бил протеран од наследниците на Етелвал, Берхтун и Андун.[18] Во 686 година, Јужните Саксонци го нападнале Хлотире, кралот на Кент, за да го поддржат на неговиот внук Еадрик, кој потоа станал крал на Кент. Во тоа време, територијата на Сасекс се протегала од Островот Вајт до Кент и повторно можело да стане регионална сила, но ревитализацијата на Весекс го оневозможило тоа.[19][20] Еадрик владеел со Кент додека не бил нападнат од Кедвала кој успеал да се наметне како владетел на Весекс. Потоа, Кедвала уште еднаш го нападнал Сасекс и го убил Берхтун.[21] Сасекс потпаднал под сурова западносаксонска доминација.[21] Според Беде, Кралството Сасекс се нашло во „полоша состојба од ропство“; а јужносаксонското свештенство било ставено под власт на Весекс преку Винчестерските бискупии.[22] Кедвала, исто така, го освоил островот Вајт каде што безмилосно го убивал населението. Според Џон Хајндс, дивјачкото однесување на Кедвала кон Сасекс и Островот Вајт може да се објасни со проширувањето на Сасекс на запад со помош од Мерсија за сметка на Весекс и Кедвала бил решен тоа да не се повтори.[23]
На почетокот од 770-тите Кралството Сасекс ја загубило својата независност.[21] Во 771 година, кралот Офа од Мерсија ја освоил територијата Хестинга; можеби влегол во Сасекс преку Кралството Кент, каде што веќе бил доминантен.[21] Во 772 година веќе го контролирал целото Кралство Сасекс.[24]
Моќта на Мерсија значително ослабнала по смртта на Офа во 796 година, а Јужните Саксонци повторно се здобиле со независност.
По Битката кај Еландун во 825г. Сасекс било покорено од Екберт од Весекс, и оттогаш постојано биле под круната на Весекс.[25]
Remove ads
Поврзано
- Хептархија
- Англосаксонска Англија
- Сасекс
Наводи
Наведени дела
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads