Куманич (Берско)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Куманич (грчки: Κομνήνειο, книжевно: Κομνήνειον, Комнинион, старо Κούμανιτς, Куманицион) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
За други истоимени места, погледајте Куманич.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на околу три километри западно од градот Бер, на надморска височина од 420 метри.[2]
Сместено е на планината Каракамен.
Историја
Селото е постара населба, но било уништено за време на Негушкото востание во 1822 година. Подоцна, во 1923 година било обновено, кога грчките власти во селото донеле 26 бегалски семејства со вкупно 98 жители, колку што биле забележани во селото во 1928 година.[2]
Во рамките на атарот на селото Куманич, подоцна било создадено и издвоено од Куманич, селото Долно Куманич.
Население
По обновувањето на селото во 1928 година, селото било забележано со 98 жители. Во 1940 година е евидентирано со 160, во 1951 година со 135, во 1961 година со 98, во 1971 година со 18, а во 1981 година со 25 жители. Куманич во последните години започнало да се обновува и со тоа со пописот во 1991 година било забележано со 77 жители.[2]
Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 45 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 70 жители.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
- Црква „Св. Ѓорѓи“
- Црква „Св. Никола“
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лужица, во кој покрај Куманич се наоѓаат и селата Лужица и Долно Куманич.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads