Маратонска патека на Летните олимписки игри 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маратонската патека на Летните олимписки игри во Лондон, претставува маршута на која ќе се нтпреваруваат маратонците во машка и женска конкуренција на Летните олимписки игри 2012. Должината на маршутата изнесува 42,195 км, и е составена од еден мал круг од 3,571 км и три големи круга со должина од 12,875 км во согласност со Меѓународната асоцијација на атлетски федерации.

Сегашниот изглед на маршутата бил потврден во октомври 2010 година. Стартот на маратонската патека е на улицата Мол. Патеката поминува покрај некои од најголемите знаменитости на Лондон како: Плоштадот Трафалгар, Обелискот на Клеопатра, Катедралата Свети Павле, Лондонската Кула, Биг Бен, Викториниот споменик пред Бакингемската палата и други.
Официјалното мерење на патеката било извршено на 13 јуни 2012 година од страна на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации.[1]

Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Знаменитости покрај патеката
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads