Марк-Андре тер Штеген
германски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Марк-Андре тер Штеген (роден на 30 април 1992 година, во Менхенгладбах) е германски фудбалер, голман на Барселона и на германската репрезентација.[2][3][4]
Кариерата ја започнал во Борусија Мехенгладбах, од каде по 4 поминати сезони во Бундеслигата во кој забележал 108 настапи за клубот, тој се приклучил на Барселона во 2014 година во трансфер вреден 12 милиони евра. Веќе во својата прва сезона со Барселона, тој ја освоил тројната круна откако клубот триумфирал во шпанското првенство, Купот на Шпанија и Лигата на шампионите.
Тер Штеген ја претставувал Германија во повеќе младинските селекеции, додека своето деби за сениорскиот тим го имал во 2012 година. Тој бил дел од репрезентацијата на две Светски првенства во 2018 и 2022, како и на Европското првенство 2016, но на ниту едно од нив не забележал ниту еден настап, минувајќи го времето на клупата како резерва на Мануел Нојер. Тој, исто така, учествувал на Купот на конфедерации 2017, каде бил прв голман и помогнал неговата земја да го освои турнирот.
Remove ads
Технички карактеристики
Се смета за еден од најдобрите голмани во светот,[5][6] има одлични рефлекси[6] одлично чувство за излегување од шеснаесеттникот[7] и e добар во покривање на голот од противнички играчи.[7] Меѓу другите негови квалитети се истакнуваат додавањата, поради неговата одлична визија за играта со која ја започнува акцијата на својот тим од одзади (дотолку што е дефиниран како sweeper-keeper или „дополнително либеро“),[5][8][9][10] и позиционирањето.[10] Дополнително, тој има со одличен атлетизам[6][7] и е познат како добар голман за бранење пенали.[11]
Remove ads
Статистика
Клупска статистика
Статистиката е ажурирана на 12 март 2024
Репрезентативна статистика
Remove ads
Титули
Клупски
Барселона
Примера Дивисион : 5
- 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019, 2022-2023
- 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2020-2021
- 2018, 2023
Лига на шампиони : 1
- 2014-2015
Суперкуп на УЕФА : 1
- 2015
- 2015
Репрезентативни
Германија под 17
- Европско првенство за играчи под 17 години : 1
- Германија 2009
Германија
- 2017
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads