Молучко Море

море From Wikipedia, the free encyclopedia

Молучко Море
Remove ads

Молучкото Море (индонезиски: Laut Maluku) е море на територијата на Индонезија, во западниот дел на Тихиот Океан. Подрачјето е богато со корали и многу места за нуркање.

Thumb
Местоположба на Молучкото Море во Југоисточна Азија
Thumb
Карта на подрачјето

Местоположба

Морето се граничи со Бандското Море на југ и Целебеското Море на север.

Островите во морето се Халмахера на североисток, Буру и Серам во средината и Сулавеси на запад. Островската група Талауд на север важи за граница на морето, иако самата Молучка морска плоча (тектонска плоча) се протега уште извесно растојание на север.

Според Меѓународната хидрографска организација (МХО), Молучкото Море е едно од водите на Источноиндискиот Архипелаг, со следниве граници:[1]

на север. Линија од североисточниот крај на Целебес [Сулавеси] преку островската група Сјау до јужниот ’рт на Сангир (3°21′N 125°37′E), а оттаму до јужниот крај на групата Талауд, па преку нив до североисточниот крај (4°29′N 126°52′E), а оттаму линија до Танџонг Сопи, северниот ’рт на островот Моротај.

на исток. По западниот брег на Моротај од Танџонг Сопи до Ваџабула на југ (2°17′N 128°12′E), а оттаму линија до северниот ’рт на Халмахера и по западниот брег до Танџонг Либоло (најјужниот дел).

на југ. Линија од најјужната точка на Халмахера до северниот ’рт на островот Биса (Сетил), а оттаму до северниот крај на Голем Оби, преку овој остров до Танџонг Аке Ламо (југозападниот ’рт), а оттаму до Танџонг Дехеколано (источен крај на групата Сула), долж северните брегови до Танџонг Марикасу (западниот крај), а оттаму линија до југоисточниот ’рт на островот Бангај (1°43′S 123°36′E).

на запад. Источните брегови на островите Бангај и Пеленг до Северен Банглакан (1°10′S 123°18′E), а оттаму линија до ’ртот Боток (Целебес) (1°04′S 123°19′E) во обиколка на брегот до ’ртот Пандџанг (0°39′S 123°25′E) и до ’ртот Томбалилату (123°21' ИГД) на спротивниот брег, а оттаму пак по источниот брег до ’ртот Пујсан (североисточниот крај на Целебес).

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads