Национален парк Делта на Вардар
национален парк во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Национален парк Делта на Вардар (грчки: Εθνικό Πάρκο Δέλτα Αξιού); полно име: Национален парк Вардар-Колудеј-Бистрица (Εθνικό Πάρκο Αξιού - Λουδία - Αλιάκμονα) — национален парк во Солунско и Берско, Егејска Македонија, денес во Грција. Во Солунско ги опфаќа лагуната во с. Гаскарка, устието на реката Галик и делтите на реките Вардар и Бистрица. Во Берско, во паркот влегуваат моклиштата на селата Нов Ахтопол и Тузла. Подрачјето првпат е заштитено во 1971 г. како влажно станиште од меѓународно значење согласно Рамскарската конвенција, а потоа е ставено и во мрежата „Натура 2000“.[1][2][3] Вбројано е и во списокот Важни птичји подрачја (IBA).
Remove ads
Клима
Климата во овој крај е топла преку летото, без особени температурни колабања, додека пак зимите се свежи и влажни. Прекумерните врнежи од снег се ретка појава, а замрзнувањето на водата е уште поретко. Просечните годишни врнежи изнесуваат 442,5 мм, при што најврнежлива е есента.[4]
Растителен и животински свет
Паркот нема ретка, ендемска или загрозена растителност, туку се состои од видовите кои често се среќаваат по моклиштата, соленикавите води и плажите.
Реките во паркот се особено богати и разновидни. Само во Вардар се забележани 26 видови риби, а Бистрица има 26 домородни и 4 доведени видови. Од нив, од особен интерес е мергурот (Pachychilon macedonicum). Меѓу цицачите се среќаваат нутријата (Myocastor coypus), стоболката (Spermophilus citellus), видрата (Lutra lutra) и биволот (Bubalus bubalis).[5]
Птици
Во националниот парк се застапени многу видови птици, од кои некои постојани и многу презимки и други преселници. Еве некои од позначајните:
- блатна ластовица, (Glareola pratincola)
- голем воден бик (Botaurus stellaris)
- дива патка (Anas platyrhynchos)
- кадрав пеликан (Pelecanus crispus)
- лебед (Cygnus)
- лиска (Fulica atra)
- мал воден бик (Ixobrychus minutus)
- ноќна чапја (Nycticorax nycticorax)
- остригар (Haematopus ostralegus)
- патка ластовичарка (Anas acuta)
- патка свиркач (Anas penelope)
- пупунец (Upupa epops) посетува напролет
- рибарче (Alcedo athis) — трајно вдомено во паркот
- сива чапја (Ardea cinerea)
- црноглав галеб (Larus melanocephalus)
- чурулин (Burhinus oedicnemus)
Remove ads
Галерија
- Лагуната на Гаскарка со Солун во позадината
- Полски цветови во делтата на Вардар
- Диви коњи во делтата на Вардар
- Птици во делтата на Вадар.
- Биволи во делтата на Вардар
- Фламингоси во делтата на Вардар
- Рибарски куќи во делтата на Вардар
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads