Гаскарка

село во Солунско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Гаскаркаmap
Remove ads

Гаскарка (грчки: Καλοχώρι, Калохори; до 1924 г. Κασκάρκα, Каскарка[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.626 жители (2021).

Кратки факти Гаскарка Καλοχώρι, Земја ...
Thumb
Шеталиштето на НП „Делта на Вардар“ во Гаскарка.
Remove ads

Потекло на името

Името Гаскарка доаѓа од зборот гаска, т.е. гуска на солунскиот дијалект, и го опишува ова место како дом за многу вакви птици[3] — блатното подрачје на блиската делта на Вардар, Галик и Бистрица која денес е национален парк. Ова го потврдува и британскиот дипломат Вилијам М. Лик, кој минувал низ Гаскарка во почетокот на XIX век.

Со исто потекло е името на месноста Гаскарник кај струмичкото село Сарај, во која се наоѓаат остатоци од доцноантичка населба.

Remove ads

Географија

Селото е се наоѓа во областа Вардарија, 8 км западно од градот Солун. Лежи на самиот брег на Солунскиот Залив, крај устието реката Галик. Атарот зафаќа површина од 32 км2.[4] Поради блискоста до Солун, се смета за негово своевидно предградие.

Историја

Во општинските извори се тврди дека местото било ненаселено пред доведувањето на грчки дојденци,[3] но веројатно се работи за старо македонско (според Симовски можеби турско) село кое не се спомнува ниту од К’нчов, ниту од Мишев (Бранков). Симовски смета дека настрадало во Балканските војни, и затоа во 1913 г. е заведено како напуштено, што значи дека тука сепак имало населба пред грчките доселувања.[4] Во 1920 г. е пренаселено со Грци доведени од Турција и Бугарија, чиј број изнесувал 238. По 1922 г. дошле и други доселенички семејства, така што во 1924 г. селото нараснало на 228 семејства, од кои 160 биле од Источна Тракија, 56 од Бугарија, 10 од Мала Азија и едно семејство до Кавказ. Истата 1924 г. селото е преименувано во Калохори, што во превод значи „добро село“. Во 1928 г. селото веќе имало 1.005 жители, сите доселеници[4] (или 231 семејства со 913 жители според друг извор).[5]

Во наредните десетлетија населението продолжило да се зголемува, што се должи на поволната клима, блискоста до Солун, извршената мелиорација и плодноста на почвата.[4] Така, во 1940 г. Гаскарка имала 1.373 жители, накачувајќи се на 1.623 на пописот од 1951 г. Во 1961 г. се заведени 2.019, а во 1971 г. — 2.609 жители. Според пописот од 1981 г. во селото живееле 3.020 лица, а во 1991 г. бројот се накачил на 3.424.[4] Ова тежнеење продолжило и понатаму — 3.950 во 2001 и 4.672 жители во 2011 г.

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Стопанство

Во Гаскарка се произведуваат големи количества овошје, градинарски култури и жито, а прилично развиено е и краварството.[4]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads