Никола Кочовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Никола Кочовски (Битола, 1 декември 1933 - Битола, 11 март 2023 ) — македонски раскажувач, романописец и драмски писател.[1]
Животопис
Кочовски е роден на 1 декември 1933 година во Битола. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како професор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1973 година. Бил уредник на весникот на ДПМ „Стожер“, и на битолскиот „Развиток“.[2]
Починал во Битола на 11 март 2023 година.[3]
Творештво
Автор е на книгите:
- Малата Билја (два тома, роман, 1969, 1970),
- Зарезготини (раскази, 1970),
- Вознемирена совест (раскази, 1974),
- Бреме (роман, 1981),
- Дичовица млада невеста (драма, 1984),
- Родната грутка (раскази, 1995),
- Без свое јато (роман, 1999),
- Исконскиот дар (роман, 1999),
- Омразениот цвет (роман, 2000).
Неговите романи и раскази се одликуваат со нагласок на психолошкото. Пишувал за современиот живот, за нашето минато, за печалбарството… Објавувал во речиси целата македонска книжевна периодика и пошироко од неа. Пишувал и критики.[2]
Remove ads
Награди
Добитник е на наградата: „4 Ноември“ на градот Битола за романот „Бреме“.[2]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads