ОУ „Ѓорче Петров“ - Ропотово
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Ѓорче Петров“ (официјално: Општинско основно училиште „Ѓорче Петров“ - Ропотово; скратено: ООУ „Ѓорче Петров“) — централно основно училиште во прилепското село Ропотово, Општина Долнени.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Ѓорче Петров“.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски револуционер Ѓорче Петров.
Remove ads
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во крајниот источен дел од селото, од левата страна на патот кој води до соседното село Жабјани.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта во кои се одвива настава од прво до петто одделение:[2]
- ПУ „Ѓорче Петров“ - Пешталево;
- ПУ „Ѓорче Петров“ - Сарандиново; и
- ПУ „Ѓорче Петров“ - Секирци.
Галерија
- Влезот на училиштето
- Училишното игралиште
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads