Жабјани
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оваа статија се однесува на прилепското село Жабјани. За битолското село, видете Жабени.
Жабјани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Remove ads
Географија и местоположба
Жабјани се наоѓа северозападно од градот Прилеп, помеѓу селата Ропотово, Пешталево и Сарандиново, на надморска височина од 610 м.[2] Денес селото е речиси во целост припоено со соседното село Ропотово.
Историја
Во отоманскиот период, чифлици во селото имале Турци од Прилеп. Од нив подоцна земјата ја купиле браќата Алил, Јусуф и Абдула од Дебар, кои основале три чифлици. Сестрата на браќата се омажила за Рушит, кој основал четврти чифлик. По 1912 година, жителите ја купиле земјата од чифликсајбиите.[2][3]
Население
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Жабјани било село со 16 домаќинства и 80 жители Македонци.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жабјани имало 50 жители Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 56 жители Македонци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жабени се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 56 жители, од кои 55 Македонци и 1 Србин.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 49 жители, од кои 46 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 1 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Жабјани е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Родови во Жабјани се:
- Доселеници: Тутунџиовци (1 к.) доселени се од некаде, тие се најстар род во селото; Тасевци или Дебранци (2 к.) доселени се на почетокот од XX век од мијачкото село Селце; Коневци (1 к.), доселени се од Вранче, во Вранче биле староседелци; Алексовци (1 к.) од прилепското село Слепче, се населиле најпрво во Ропотово, па од таму во Жабјани; Крапјанци (1 к.), доселени се од Крапа, Порече; Поповци (1 к.), доселени се од Македонски Брод; Синадиновци (1 к.), доселени се во 1946 година од Манастирец, Порече и Ѓоргијовци (1 к.), доселени се од Могилец, Порече.[3]
Remove ads
Општествени установи
Со оглед на тоа дека селото е речиси во целост припоено со Ропотово, во негова непосредна близина се наоѓа основното училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[15] Во селото има и бензинска пумпа.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дебреште.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1488 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на старо училиште на селото Ропотово.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 426 гласачи.[17]
Културни знаменитости
- Чешма
- Христијанска чешма
- Цркви и параклиси[18]
- Црква „Св. Троица“ — главна селска црква изградена во 1859 година;
- Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква во изградба;
- Параклис „Св. Архангел Михаил“ — параклис изграден во 2008 година.
Иселеништво
Волчевци (2 к.) иселени се во Браилово; Дупевци (1 к.), иселени се во Слепче; Жабјанци (5 к.), иселени се во Секирци; Тилко (1 к.), иселени се во Дреновци; Кривошинци се иселени во Секирци; Рулевци се иселени во Прилеп. Еден род со 3 домаќинства е иселен во Скопско Поле. Некои се родови изумрени.[3]
Галерија
- Патот низ селото
- Чешмата покрај патот кон Рилево
- Бензинската пумпа
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads