ОУ „Лирија“ - Вруток
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Лирија“ (порано: Основно училиште „Злате Дамјановски“; службено: Основно општинско училиште „Лирија“ - Вруток; скратено: ООУ „Лирија“) — централно основно училиште во гостиварското село Вруток, Општина Гостивар.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Лирија“.
Името на училиштето доаѓа од албанскиот збор „лирија“ што означува Слобода.
Remove ads
Историја
Училиштето е основано во 1945 година од страна на НОО Гостивар, под името „Вардар“ како неполно осумгодишно училиште, а од 1951 година, станува полно основно училиште. Во 1967 година, училиштето го сменило своето име во Злате Дамјановски.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Лирија“ - Равен, подрачно училиште; и
- ПУ „Лирија“ - Речане, подрачно училиште.
Во минатото во состав на ова училиштето работеле и училиштето во селото Дуф,[3] но по промените во територијалната организација, истото во 2005 година била пренесено како подрачно училиште на ОУ „Денче Дејаноски“ - Маврови Анови.[4]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads