ОУ „Наим Фрашери“ - Јагол Доленци
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Наим Фрашери“ (во минатото: Основно училиште „Даме Груев“; официјално: Основно општинско училиште „Наим Фрашери“ - Јагол Доленци; скратено: ООУ „Наим Фрашери“) — централно основно училиште во селото Јагол Доленци, Општина Кичево.[2] Училиштето се наоѓа помеѓу селата Јагол и Јагол Доленци.
За други значења на поимот, погл. ОУ „Наим Фрашери“.
Денес, училиштето е именувано по албанскиот поет, Наим Фрашери, додека во минатото училиштето го носело името на македонскиот револуционер Даме Груев.[3]
Remove ads
Местоположба
Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа на самиот влез во селото Јагол Доленци, од десната страна на асфалтниот пат.
Историја
Првото училиште во селото било отворено во 1906 година, кога предавал Љуба Репиќ. Училиштето отсекогаш било централно, бидејќи селото служело како средиште за околните 12 села.[4]
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.[5]
Училиштето во минатото имало настава на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]
- ПУ „Наим Фрашери“ - Туин, деветгодишно подрачно училиште;
- ПУ „Наим Фрашери“ - Калешовци, петгодишно подрачно училиште;
- ПУ „Наим Фрашери“ - Папрадиште, петгодишно подрачно училиште; и
- ПУ „Наим Фрашери“ - Бериково, петгодишно подрачно училиште.
Наставата од шесто до деветто одделение, учесниците од подрачното училиште во Калешовци продолжуваат да ја следат во подрачното училиште во Туин, додека останатите во централното училиште во Јагол Доленци.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads