ОУ „Петар Поп Арсов“ - Богомила
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Петар Поп Арсов“ (официјално: Основно општинско училиште „Петар Поп Арсов“ - Богомила; скратено: ООУ „Петар Поп Арсов“) — централно основно училиште во велешкото село Богомила и едно од трите основни училишта во Општина Чашка.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Петар Поп Арсов“.
Училиштето е именувано по македонскиот национален деец, филолог и револуционер Петар Поп Арсов.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во повисоката зона од селото Богомила, на патот за манастирот „Св. Спас“.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во рамките на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Богомила. Овие училишта се:
- Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Извор
 - Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Ореше
 - Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Согле
 
Галерија
- Влезот
 
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


