Општина Малотино

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Месен народен одбор Малотино ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Месниот народен одбор Малотино бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Малотино и М’гленце.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Малотино не претрпел територијални промени. МНО Малотино тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дејловце не претрпел територијални промени.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Малотино бил укинат на сметка на проширената Општина Жегљане.[4]

Remove ads

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Малотино имал 672 жители, односно вкупното население на Малотино и М’гленце. Од таа бројка, 623 биле Македонци, додека 49 биле Срби.[5]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads