Општина Маџари
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Маџари ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Маџари бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места било Јурумлери, Маџари и Трубарево.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маџари останал територијално непроменет. МНО Маџари тогаш припаѓал во Скопската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маџари бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Кадино кој ги добил селата Јурумлери и Трубарево, како и на сметка на проширениот Град Скопје кој го добил селото Маџари.[3]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Маџари имал 1,848 жители, односно вкупното население на Јурумлери, Маџари и Трубарево. Од таа бројка, 1,380 биле Македонци, 178 биле Срби, 177 биле Албанци, 177 биле Роми, 15 биле Црногорци, 3 биле Хрвати, 3 биле Словенци, 1 бил Турчин, 1 бил Бугарин, 1 бил Романец, 8 биле Руси, додека 4 припаднале во графата „останати и непознато“.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads