Општина Челопек (Кумановско)
поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Месен народен одбор Челопек ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Remove ads
Историја
Месниот народен одбор Челопекбил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Челопек.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Челопек бил проширен на сметка на укинатиот МНО Алгуња со селата Гулиновац и Алгуња. МНО Челопек тогаш припаѓал во Кумановската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Челопек не претрпел територијални промени.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Челопек бил укинат на сметка на проширената Општина Старо Нагоричане.[4]
Remove ads
Население
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Челопек имал 1,534 жители. Од таа бројка, 819 биле Македонци, 577 биле Срби, додека 138 биле Роми.[5]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads