Палмеш

село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Палмешmap
Remove ads

Палмеш (грчки: Καστανούσσα, Кастануса; до 1926 г. Πάλμες, Палмес[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[3]

Кратки факти Палмеш Καστανούσσα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во северните пазуви на планината Круша.[4]

Историја

Во Отоманското Царство

Палмеш изборно се наоѓало во јужното подножје на Беласица.[4] Мештаните претходно биле христијани, кои го примиле исламот во немирни години за да се заштитат.[3]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Палмиш, неколку маала на З од Порој, 6 часа пат по подножјето на Беласица и Круша. Приближно 200 куќи, сите Македонци-муслимани. Зборуваат македонски со мала разлика од Порој;[5] се облекуваат во особена црвена облека-антерија и потури. Доаѓаат на пазар во Порој со риба од Дојранското Езеро.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Палмеш (Палмешъ) било село со 1.150 Македонци-муслимани.[7][8]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 1.047 жители, а во 1920 г. во него се попишани 988 лица.[3]

Во 1924 г. жителите, како муслимани, се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место власта довела грчки колонисти. Во 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 512 жители (144 семејства).[9]

След Втората светска војна Палмеш е преместен на југ, јужно од железницата.[4][10]

Во 1940 г. населението пораснало на 829 жители.[3] Тоа настрадало во Граѓанската војна и било повлечено во полските села. По војната дел од жителите се вратиле во Палмеш. Нешто подоцна од стратешки причини (како погранично место), селото било повлечено 3 км појужно, во новоизградени куќи близу железницата.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads