Панде Петровски (сликар)

сликар From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Панде Петровски (Битола, 1939 –) — македонски сликар, карикатурист и писател.[1]

Кратки факти Роден, Занимање ...

Животопис

Роден e во Битола во 1939 година.[1] Завршил Педагошка академија, Ликовна група во Скопје во 1963 година.

Самостојно изложува од 1959 година и до денес има организирано 25 изложби во Македонија, Србија, Шведска и Австралија. Во своето педесетгодишно ликовно творештво, редовно учествува на над стотина групни изложби во Македонија, Србија, Турција и Бугарија. Член е на Македонското научно друштво во Битола, ДЛУБ и ДЛУМ, а членувал и во Здружението на карикатуристи на Македонија. Членувал во Организациониот одбор на Триеналето на современа југословенска графика, а работел и како сценограф на Фестивалот ,,Илинденски денови“ од основањето до денес. Автор е на неколку книги на афоризми и хуморески. Учесник е на повеќе ликовни колонии во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Романија. Добитник е на повеќе награди за афоризми. Позначајни награди за карикатура се: Трета награда на југословенски конкурс во 1988 год. и Специјална награда на 37. Светска галерија на карикатурата на Остен во Скопје, во 2009 година.

Од наградите за сликарство се издвојуваат: „Мајска награда“ на ДЛУБ во 1978 год., наградата „4 Ноември“ на Општина Битола во 1987 год. и Плакета за најуспешен битолчанец од областа на културата за 2009 година.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads