Параклис „Св. Ѓорѓи“ - Беловодица

параклис во близина на селото Беловодица From Wikipedia, the free encyclopedia

Параклис „Св. Ѓорѓи“ - Беловодицаmap
Remove ads

Свети Ѓорѓи — параклис во близина на селото Беловодица. Сместен е непосредно покрај магистралниот пат Прилеп-Градско, на местото каде што се исклучува патот кој води кон селото.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Параклисот бил изграден по иницијатива на семејството Гулески од Прилеп, што е наведено во посветата насликана на еден од внатрешните ѕидови. Тој бил осветен на 9 декември 1999 година од страна на протереј-ставрофорот Петре Ристески со благослов на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.[1]

Архитектура

Параклисот има правоаголна основа, изграден е од камени тули и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста е живописана, а меѓу фреските се издвојуваат оние на Исус, Свети Ѓорѓи, Богородица со Исус и Света Петка.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads