Патрик (Штипско)

историско село во Штипско From Wikipedia, the free encyclopedia

Патрик (Штипско)map
Remove ads

Патрик — историско село во Штипско, во атарот на денешното село Лесковица, Општина Штип. Селото постоело сѐ до 1913 година.

Кратки факти

Денес, на местото на некогашното село се наоѓа ловиштето „Конечко“.

Remove ads

Географија и местоположба

Патрик се наоѓал на неколку километри јужно од селото Степанци, на билото на Конечка Планина (Серта). Денес, местото се наоѓа во атарот на селото Лесковица.

До местото на селото може да се дојде преку земјен пат кој започнува од превојот помеѓу Неготино и Штип на регионалниот пат 1103. Бидејќи селото се наоѓа во рамки на самото ловиште „Конечко“, пристапот до него е ограничен.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Патрик живееле 80 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Патрик имало 112 (или 120) жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

За време на Втората балканска војна во 1913 година, селото е изгорено од српската војска.

Во 1988 година е обновена црквата „Св. Илија“.[4]

Remove ads

Самоуправа и политика

Во XIX век, Патрик било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads