Полско-советска војна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Полско-советска војна
Remove ads

Полско-советската војна (полски: Wojna polsko-bolszewicka; руски: Советско-польская война) — војна која траела од 28 февруари 1919 година до 18 март 1921 година. Војната се водела помеѓу силите на Руска СФСР и Украинска ССР од една страна и Република Полска и Народна Украина од друга страна.

Кратки факти Полско-Советска војна, Датум ...

Во војната, Полска која по сто години успеала повторно да си ја врати својата државност по мировниот договор од Версај, сакала да си ги осигури своите граници кои ги изгубила по своето последно разделување. Од друга страна пак, Советите сакале овие територии да останал под нивна контрола, кои биле дел од Руската Империја до Првата светска војна.

Околу победникот во војната, денеска полските и руските историчари сѐ уште дебатираат. Полските историчари сметаат дека Полска успеала да во новоформираната република ги зачува своите територии, додека пак Советите тврдат дека спречиле полска инвазија во Украина и Белорусија.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads