Постол Спасов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Постол Стоилков Спасов ( 1923 во Вак’в — 30 декември 1944 во Вак’в) — македонски партизан од ромска народност, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Израснал во крајно бедно и безземјишно семејство. По народност бил Ром. Немал можност да се образова и останал неписмен, па самоиницијативно со голема упорност се научил да чита и пишува. Уште од раното детство работел како овчар, момок и аргат на туѓи имоти за да му помогне на своето сиромашно семејство. Бил доста музикален и сето слободно време го користел во свирење, кое подоцна му станало извор за опстанок. Бил оженет и имал едно дете. На 9 јануари 1944 година, тој стапил во редовите ва НОВ, а потоа и во составот на Седумнаесеттата македонска бригада. Со Бригадата земал учество во нејзините борби сè до ослободувањето на Гнилане. На положбите во борбите против разбиените балистички банди, тој премрзнал и се разболел. Неговите родители на коњ, го превзеле и го однеле во неговиот дом, каде по кратко време ѝ починал на 30 декември 1944 година.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads