Ролф Сиверт
шведски физичар, радиобиолог и професор From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ролф Максимилијан Сиверт (шведски: Rolf Maximilian Sievert; 6 мај 1896 – 3 октомври 1966 ) — шведски физичар и радиобиолог чиј најголем придонес е проучувањето на биолошките последици од јонизирачкото зрачење. Во негова чест е наречена единицата сиверт.
Роден е во Стокхолм, во семејството на Макс и Софија Каролина Сиверт.[1]
Ја возглавувал физичката лабораторија во радиотерапевтска клиника „Радиумски дом“ (Radiumhemmet) од 1924 до 1937 г., а потоа ја држел катедрата по радиофизика во Каролинскиот институт. Одиграл основоположничка улога во мерењето на дозите на зрачење, особено во за цели на дијагноза и лечење на ракот. Во подноцнежните години се задржал на изучувањето на последиците од изложеноста на ниски дози на зрачење.
Во 1928 г. го основал Меѓународниот комитет за заштита од рендгенско и радиумско зрачење, и бил негов прв претседател; оваа установа подоцна прераснала во Меѓународната комисија за радиолошка заштита. Бил на чело на Научниот комитет за последиците од атомоско зрачење при ООН.[2]
Осмислил низа инструменти за мерење на дози на зрачење, од кои најпозната е Сивертовата комора.
Во 1979 г. SI-единицата за дозен еквивалент на јонизирачко зрачење го добила името сиверт (Sv) во негова чест, со одлука на Генералната конференција за тегови и мерки.
Поседувал голема збирка на инсекти, која денес е сместена во Ентомолошкиот музеј при Лундскиот универзитет.

Remove ads
Поврзано
- Дозен еквивалент
- Јонизирачко зрачење
- Сивертова комора
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads