Сателитска држава
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сателитска држава е држава која формално е независна, но е под силно политичко, економско и воено влијание (или контрола) од друга држава.[1] Терминот е измислен по аналогија на природните сателити кои кружат околу поголеми планети. Во западната геополитика, терминот „сателитска држава“ се применува за сите држави од Варшавскиот пакт, Куба, Северна Кореја и други земји кои на еден или друг начин биле под контрола на Советскиот Сојуз.[2][3] За државите кои по Втората светска војна потпаднале под влијание на Соединетите Американски Држави (Јужна Кореја, Тајван, предреволуционерна Куба и Иран, Јужен Виетнам), се користи политички покоректниот термин „клиентска држава“. Советите овој термин го употребувале за државите кои гравитирале кон нацистичка Германија, фашистичка Италија и царска Јапонија.
Во време на војна или политичка тензија, сателитските држави понекогаш служат како тампон помеѓу непријателската земја и државата која ги контролира сателитите.[4]
Remove ads
Сателитски држави на силите на Оската
Во советската историографија, терминот „сателитска држава“ се применувал за државите кои се бореле во Втората светска војна на страната на Германија и на Антикоминтернскиот пакт воопшто:
- Кралство Романија (од 22 јуни 1941 до 23 август 1944)
- Кралство Унгарија (од 6 април 1940 година до 15 октомври 1944)
- Царство Бугарија (од 19 април 1941 година до 9 септември 1944)
- Кралство Тајланд ( 25 јануари 1942 година до 16 август 1945)
- Првата Словачка Република (од 1 септември 1939 година до 4 април 1945)
- Независна Држава Хрватска (од 15 јуни 1941 до 8 мај 1945)
- Италијанска Социјална Република (од 23 септември 1943 до 25 април 1945)
- Унгарска држава (од 17 октомври 1944 до 7 мај 1945)
Remove ads
Советски сателитски држави
Меѓувоен период
По избувнувањето на Монголската револуција од 1921 година, монголските револуционери ја протерале руските белогардејци (за време на Руската граѓанска војна (1917-1923) по Комунистичката Октомвриска револуција од 1917 г.) од Монголија, со помош на Советската Црвена армија. Со револуцијата, исто така, официјално бил отфрлен манџурискиот суверенитет врз Монголија, воспоставен во 1691 година. На 26 ноември 1924 г. била прогласена Монголската Народна Република, која формално била независна и суверена земја, но сепак е опишана како сателитска држава на Советскиот Сојуз во перодот од 1924 до 1990 година.[3][5]
Во јануари 1920 година трупите на советската Црвена армија ја зазеле Тува и станала протекторат на царска Русија. Туванската Народна Република, прогласила независност во 1921 година и била сателитска држава на Советскиот Сојуз до 1944 година кога била припоена кон Советскиот Сојуз.[5]
Друга советска сателитска држава во Азија била Далечната Источна Република во Сибир.[5] Во Кина, Кинеската Советска Република во провинцијата Џиангкси исто така била советска сателитска држава.
По Втората светска војна
Кон крајот на Втората светска војна, повеќето земји од источна и Средна Европа биле окупирани од Советскиот Сојуз.[6] Советите останале во овие земји и по крајот на војната.[7] Во сите тие земји биле воспоставени сталинистички системи.[7] Сталинистите ги контролирале владите, полицијата, печатот и радиостаниците во овие земји.[7] Советски сателитски држави во Европа биле:[7][8][9][10]
Народна Република Албанија (1946–1961)
Народна Република Полска (1947–1989)
Народна Република Бугарија (1946–1990)
Народна Република Романија (1947–1965)
Чехословачка Социјалистичка Република (1948–1989)
Германска Демократска Република (1949–1990)
Унгарска Народна Република (1949–1989)
Федеративна Народна Република Југославија (1945–1948)
Албанија, Романија и Југославија биле трите комунистички земји од Источна Европа кои успеале да се оттргнат од советската контрола.[11] Федеративна Народна Република Југославија понекогаш се нарекува советски сателит,[7][8] иако се оттргнала од советската орбита по разидувањето меѓу Тито и Сталин во 1948 година, при што канцелариите на Информбирото биле преместени од Белград во Букурешт, а Југославија подоцна го формирала Движењето на неврзаните. Народна Социјалистичка Република Албанија, под водство на сталинистот Енвер Хоџа, ги прекинала врските со Советскиот Сојуз по советско-албанското разидување во 1960 како резултат на советскиот процес на десталинизација.[12] Во 1961 година, поддржана од Кина, Албанија успеала да се извлече од советското влијание.[11] Десателизацијата на комунистичка Романија започнала во 1956 година и траела до 1965 година.[13] Романија била целосно усогласена со Советскиот Сојуз до почетокот на 1960-тите, но поради сериозните економски несогласувања со Москва во 1964 година Романија го отфрлила советското влијание.[14]
Демократска Република Авганистан може да се смета и за советски сателит од 1978 до 1991 година; централната влада во Кабул била дел од комунистичкиот блок и била директно поддржана од советската војска помеѓу 1979 и 1989 година. Кратковечната Република Источен Туркестан (1944–1949) била советски сателит додека не била припоена кон Народна Република Кина заедно со остатокот од Синѓанг.
Remove ads
Поврзано
- Тампон држава
- Клиентска држава
- Вазална држава
- Марионетска држава
- Неоколонија
- Протекторат
- Банана држава
- Сестринска република
Наводи
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads