Сипаливини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сипаливини (холандски: Sipaliwini) е најголемиот округ во Суринам, кој се наоѓа на јужниот дел на земјата. Сипаливини е воедно и единствениот округ кој нема административен главен град, бидејќи е директно под управа на владата во Парамарибо. [2] Округот Сипаливини вклучува спорни области, односно Суринам тврди дека југозападниот дел на Гвајана е дел од Суринам, како и југоисточниот дел на Француска Гијана.
Remove ads
Историја
Сипаливини како округ е создаден во 1983 година [2], има население од 37.065 жители и површина од 130.567 квадратни километри. Округот е речиси 4 пати поголем од сите другите 9 окрузи на Суринам. Како и да е, поголемиот дел од Сипаливини е речиси целосно покриен со дождовна шума. [3] За да се создаде округот, округот Никери бил намален за околу 65.000 квадратни километри. [4] Сипаливини е област населена од локални племиња, односно Маруни и друго староседелско население . Различни мировни договори, од 1686 година па навака, им признавале автономија на племињата во нивната сопствена област; но недостасувало одредено разграничување на племенската област. Името буквално значи „река од камења или карпи“. [5]
Археолозите сметаат дека ловците-собирачи живееле во денешната област Сипаливини за време на палеолитскиот период. [2] Регионот во голема мера бил недопрен за време на колонијалниот период, бидејќи Холанѓаните што го контролирале Суринам се плашеле од Португалците во Бразил, и дури во 20 век започнале развојните проекти.
Од 2004 година, во областа имало 41 училиште . Планирано е зголемување на бројот на училишта, бидејќи некои деца мора да патуваат на долги растојанија пеш или со брод до соседните села. [3] Медицинската нега ја обезбедува Медише Зендинг .
Remove ads
Администрација
До 2011 година, Сипаливини бил управуван од еден окружен комесар со седиште во Парамарибо. Во годините што следеле, за секој посебно ресорт бил назначен окружен комесар. [3]
Ресорти

Сипаливини е поделен на 7 ресорти ( ressorten):
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads