Слануток
вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Слануток[1][2] или наут[3][4] науч. Cicer arietinum) — претежно полјоделска, но и градинарска култура која на просторот од поранешна Југославија највеќе се одгледува во Македонија и далматинска Загора. Се смета за една од најраните култивирани растенија и нејзини остатоци се пронајдени во Блискиот Исток, стари до 7.500 години.[5]

Латински називи: Cicer arietinum, Cicer edessanum, Cicer grossum, Cicer physodes, Cicer rotundum и Cicer sativum.
Сланутокот е мешункасто растение, кое се користи во исхрана на луѓето. Семето на сланутокот е слично на семето на сојата или на сушеното зрно од грашок, се користи како вариво или као додаток на друг зеленчук при приготвување на храна. Недозреаното семе се кати од мешунките и се подготвува како зелен грав или грашок. Во источните земји сланутокот го мелат во брашно од кои печат извонредни печива, или во одреден размер (10 - 20 отсто) го мешаат со пченичното брашно и од оваа смеса печат специјален леб. Најпопуларен ориентален специјалитет од наут се пропржените и/или подпечени зрна од наут, кои се грицкаат као семенки од тиква и сончоглед и на овие простори се нарекуваат леблебија. Исто така препечените зрна од наут се користат како додаток/на кафе во одреден однос со чисто кафе.
Биохемискиот состав на леблебијата е сличен со останатите мешункасти растенија. Исушено зрно содржи 17,4 - 23,3 процентибелковини, 53,5 - 63,6 проценти јаглехидрати, 4,1 - 5,5 проценти растително масло 3,3 - 5,5 проценти целулоза и 3,2 - 3,4 проценти минерални материи.
Зелените мешунки од сланутокот не е препорачливо да се јадат, бидејќи вегетативната маса (стаблото, листот, па според тоа и мешунката) има висока содржина на јаболкова киселина и оксална киселина, што може да предизвика сериозни пореметувања во човечкиот организам.
Леблебијата е одличен извор на железо, дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од иста количина на месо. Количината на калциум во леблебијита е исто така висока и е придружена со присуство на белковини кои ја зголемуваат неговата апсорпција. Ако во оброкот е застапена и некоја житарица, тогаш таквиот оброк има има целосен состав на потребни аминокиселини. Исто така има низок глихемиски индекс.
Поновите истражувања, кои опфатиле 19 различни вида на слануток одгледувани во стакленик, покажале дека и лисјата од сланутокот можат исто така што бидат корисни во исхраната, бидејќи освен витамини содржат и значајна количина на други минерали, според што може да им парираат на зелката и спанаќот. Содржината на калциума, магнезиум и калиум во лисјата на сланутокот е поголема отколку во спанаќот и зелката, додека содржината на железо, цинк и бакар е приближно иста.
Резултатите од ова истражување би можеле да имаат голема важност за земјите каде се одгледува сланутокот, а тоа се Индија, земјите од Средниот Исток и Средна Европа. Во овие земји често е забележан и недостаток на одредени производи во исхраната, поради што лисјата од сланутокот би можеле да бидат одлична замена.

Индија претставува најголем светски производител на леблебии, потоа следуваат Пакистан и Турција.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads