Споменик на Никола Карев (Скопје)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Споменикот на Никола Карев е споменик пред Собранието на Република Македонија, во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект „Скопје 2014“. Седумметарскиот бронзен споменик го претставува Никола Карев (1877-1905), македонски херој и претседател на Крушевската Република. Излеан во леарницата „Фернандо Маринели“ во Фиренца. Постаментот е висок пет метри и е обложен со травертин и на истиот се поставени четири релјефи со мотиви од македонската историја.[1] Споменикот на Никола Карев, според неофицијални информации чини околу 1 милион евра.
Remove ads
Галерија
- Поглед на споменикот и државното знаме
- Нагорен поглед на коњот на Карев
- Релјеф на основата
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads