Споменик на депортираните Евреи (Битола)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Споменик на депортираните Евреи (Битола)
Remove ads

Споменик на депортираните Евреи познат како Камена менора — споменик подигнат во чест на депортираните Евреи од Битола за време на Втората светска војна.[1] Споменикот бил поставен на 11 март 1958 година, на 15-годишнината од депортацијата на битолските Евреи. Споменикот е дело на Марика Митревска (архитект) и Петар Пешка (автор на идејата) во соработка со д-р Хаим Абраванел и Нико Сервини.[2]

Кратки факти Споменик на депортираните Евреи, Општи податоци ...
Thumb
Бугарскиот окупатор ги товари македонските Евреи во вагоните на Бугарската државна железница (БДЖ).
Remove ads

Местоположба

Споменикот се наоѓа пред здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола,[1] на местото на некогашната синагога Арагон.[2]

Камената менора, споменик за убиените Евери од Битола во нацистичките логори, бил првото спомен-обележје на жртвите од холокаустот во поранешна Југославија посветено на јавна урбана површина. Претходно изградените споменици најчесто се поставувале на еврејските гробишта, а ваквата постапка значела навестување на нова фаза во комеморациите за депортираните Евреи во порнашените југословенски простори.[2]

Remove ads

Заднина

На 11 март 1943 година, се случил актот на геноцидот, најстрашната трагедија врз битолските односно македонските Евреи.

Од Битола 3351 лице од еврејско потекло со другите Евреи од Македонија заклучно со 5 април биле одведени во логорите на смртта во Треблинка, од каде ниту еден Евреин од Македонија не се вратил.[3]

Опис

Споменикот претставува стилизирана менора во апстрактен стил. Висок е над 2 метра. Изработен е од сив камен.[1]

Споменикот претставува еврејски свеќник (менора) со седум гранки, со делумно скршени краеви, симболизирајќи ја трагедијата на жртвите, но и неуништливоста на еврејскиот народ.[2]

Од овие особини на споменикот произлегува неговиот назив „Камена менора“.

На споменикот е испишан текстот:
МАРТ 1943
НА 3013 ЕВРЕИ
НАШИ СОГРАЃАНИ
ЖРТВИ НА ФАШИСТИЧКИОТ ТЕРОР
ГРАЃАНИТЕ НА БИТОЛА
11 МАРТ 1958

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads