Споменик на загинатите во Шумскиот пожар над Струмица од 2012 година

From Wikipedia, the free encyclopedia

Споменик на загинатите во Шумскиот пожар над Струмица од 2012 годинаmap
Remove ads

Споменикот на загинатите во Шумскиот пожар над Струмица од 2012 година е споменик кој се наоѓа на главниот булевар „Маршал Тито“ во строгиот центар на Струмица, Македонија. Тој е посветен на четворица струмичани кои загинале во Шумскиот пожар над Струмица кој се случил во месец јули 2012 година.

Кратки факти Координати, Место ...
Thumb
Градоначалникот Заев дава говор по повод откривањето на споменикот.
Remove ads

Заднина

На 23 јули 2012 година избувнал шумски пожар на планината Еленица која се наоѓа над градот Струмица[1]. Во борба со пожарот истиот ден со тешки изгореници се здобиле 18 лица, меѓу кои Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Ѓоргиев и Војо Гркљанов кои подлегнале на повредите[2]. Локалната власт уште на почетокот се ангажирала за памет на загинатите, при што во среда, 25 јули 2012 година во Општина Струмица бил прогласен ден на жалоста[3].

По неполн месец од кобниот ден за четирите жртви на пожарот, во Струмица пристигнал Григориј Потоцки, светски номиниран вајар и сликар од Русија и автор на споменикот Македонија[4]. Тој се сретнал со тогашниот градоначалник Зоран Заев каде што по претходно барање на градоначалникот ја претставил финалната идеја за изглед на споменик за загинатите во пожарот[5].

Remove ads

Симболика

Споменикот се заснова на христијанската и народната традиција. Главното својство на споменикот се четири птици кои ги симболизираат душите на четворицата загинати во пожарот. Според Потоцки темелите на споменикот се јазиците на огнот како рака која вреска и од пламенот нагоре полетуваат четирите птици. Нозете на птиците стануваат сè потенки, се издолжуваат и птиците полетуваат во небото како четири крста[6].

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads