Шумски пожар над Струмица (2012)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шумски пожар над Струмица (2012)
Remove ads

Шумскиот пожар над Струмица од 2012 година — пожар кој ја зафатил боровата шума на планината Еленица која е сместена веднаш над градот Струмица. Причината за пожарот бил човечки фактор, а истиот бил подметнат во периодот помеѓу 11 и 12 часот на 23 јули 2012 година. Во пожарот загинале двајца спасители, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и двајца цивили кои доброволно се вклучиле во гаснењето на пожарот. Повредени биле десетина лица од кои седум биле деца.

Кратки факти Местоположба, Координати ...
Кратки факти Статистика, Дата ...

По повод загинувањето на двајцата волонтери и двајцата спасители, во Општина Струмица на 25 јули 2012 година бил прогласен ден на жалост. Исто така, во чест на загинатите на главниот булевар во центарот на градот е изграден споменик од страна на општината, а во близина на местото каде што загинале од страна на фамилиите на загинатите е подигната мала црква-спомен.

Remove ads

Почеток и развивање

На 23 јули 2012 година помеѓу 11 и 12 часот, 24-годишна жена од Струмица на 50-тина метри од последните куќи во градот, во близина на ниски растенија кои растат во групи од повеќе стебла запалила стари алишта.[2][3] Таквиот акт предизвикал пожар кој по неколку часа се раширил низ боровата шума на планината Еленица, сместена над градот. Во ширењето на пожарот дополнително придонеле и неповолните услови со ветар.[4]

Thumb
Командирот Мијалчо Крстев прави организација на пожарникарите на лице место.

Околу 19 часот заврнало краткотраен дожд. Поради таквите временски услови била оневозможена интервенција на авионите за гаснење пожар во текот на истиот ден.[5] Вечерта околу 21 часот поголемиот дел од пожарот згаснал. Службите за спасување останале на терен во текот на ноќта со цел да се спречи повторно избувнување на пожарот. Противпожарните возила поради непристапниот терен привремено биле стационирани кај манастирот „Свети Илија“.[6]

Во текот на денот биле повредени вкупно 18 лица од кои петмина биле хоспитализирани во Градската болница во Скопје, а останатите во Струмица. Први жртви кои подлегнале на повредите биле Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, вработени во ЈП „Македонски шуми“.[7] По седум дена, на повредите подлегнал и Мите Ѓоргиев кој доброволно учествувал во гаснењето на пожарот.[8] На 5 август починал и Војо Гркљанов од Вељуса, четвртата и последна жртва на пожарот, вработен во ЈП „Македонски шуми“.[9]

Thumb
„Канадер“ противпожарен авион за време на носењето вода за локализирање на пожарот.

По два дена повторно избувнал пожар во близина на месноста викана „Двата пата“. Истиот бил на непристапен терен, а постоела опасност да се прошири кон населените места. Поради тоа, по барање на градоначалникот Зоран Заев, откако конечно се создале временски услови, од Дирекцијата за заштита и спасување биле активирани два противпожарни авиони „Канадери“ кои истурале вода на зафатените непристапни места.[10] Истиот бил локализиран во 16 часот.[11]

Пожарот продолжил низ текот на неделата.[12][13] Спасувачките екипи на теренот ископале ровови со цел да се спречи ширењето на пламените јазици.[14] Конечно, по борба од цела седмица и со четири смртни случаи и над десетина повредени, меѓу кои седум од нив деца,[15] пожарот над Струмица целосно стивнал на крајот од месец јули.[1]

Remove ads

Реакции

На селските гробишта во Рич, Струмичко по два дена од трагичниот настан, во родното село биле погребани првите две жртви на пожарот, Блажо Стојков на 50-годишна возраст и Пено Стојанов на 46 години.[16]

По повод трагичната смрт на зафатените од огнената стихија, била донесена одлука денот среда, 25 јули 2012 година да биде прогласен за ден на жалоста во Општина Струмица, при што знамињата во општината биле истакнати на половина копје. Истиот ден, Советот на општина Струмица едногласно донел одлука за потребите на семејствата, општината да додели парична помош од 100,000 денари на семејствата на загинатите и 20,000 денари на семејствата на повредените.[17]

Thumb
Градоначалникот Заев дава говор по повод откривањето на споменикот.

Веднаш по целосното локализирање на пожарот, од страна на тогашниот градоначалник Зоран Заев и Општина Струмица се развила идејата за изградба на споменик за четирите жртви на пожарот. За таа цел бил повикан Григориј Потоцки, познат вајар и сликар од Русија и автор на споменикот Македонија.[18]

По истиот повод, фамилиите на загинатите од сопствен буџет изградиле мал споменик во налик на црква, сместен во близина на месноста „Двата пата“, местото каде што загинале нивните блиски. Во чест на загинатите, традиционално, секоја година претставници на општината, фамилиите на загинатите и граѓаните положуваат свежо цвеќе и пред споменикот во центарот на градот, но и пред малата црква-спомен.[19]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads