Странен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Странен или Истране (грчки: Πέρασμα, Перасма; до 1927 г. Ιστράνε, Истране или Ιστράνια[2][3][4]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[5]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на десниот брег на реката Места, во историско-географската област Чеч. Соседни села се Долна Лакавица, Борово и Вршен. Се наоѓа на брегот на вештачкото Черешовско Езеро.
Историја
Во Отоманското Царство
Во извадок од список на населените места составен меѓу 1498 и 1502 г. во селото Странен (Странина) са регистрирани 17 немуслимански домаќинства, 6 ергени и 1 вдовица.[6] Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. селото Странен (Истаране) е запишано вака — немуслимани: 38 домаќинства, ергени - 11, вдовици - 1.[7] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1524-1537 г. за селото Странен (Истрањан) са регистрирани муслимани: 1, ергени - 1; немуслимани: 19, ергени - 2, вдовици - 4.[8] Во скратерн регистар од 1530 г. селото Странен (Истрањан) имало муслимани: 1, ергени - 1; немуслимани: 19, ергени - 2, вдовици - 4.[9] Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. се води даночно обврзаното население на Странен (Страни) вака: муслимани - 1 семејство и 2 ергени; немуслимани - 8 семејства и 22 ергени.[10] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. селото Странен (Истирнани) имало вкупно 18 муслимански домаќинства, од кои едно на спахија.[11]
Ова покажува дека во даден период на немирни времиња населението било принудено да го прими исламот.[5]
Во XIX век Странен било муслиманско село во Неврокопска каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Странен (Stranen) имало 50 домаќинства на 160 Македонци-муслимани.[12] Според Стефан Верковиќ на крајот од XIX век Странен (Сранен) имало 179 машки Македонци муслимани сместени во 50 куќи.[13] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Странен (Страња) бил македонско муслиманско село. Во него живееле 284 Македонци-муслимани[14][15] во 60 куќи.[16]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По податоци на БПЦ, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Странен живееле 67 семејства со вкупно 288 лица. Според грчка статистика истата година во Странен (Ιστράνε, Истране) се попишани 282 лица.[17] Во 1920 г. населението се намалило на 196 жители.[5]
Во 1923 г. жителите на селото се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Турција. Во 1927 г. селото е преименувано во Перасма (Πέρασμα),[3] што во превод значи „премин“. Во 1928 година Странен е претставен како чисто дојденско село со 56 жители (15 семејства).[4]
Селото настрадало во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. се води како напуштено. На следниот попис (1961) имало 170 жители, но за една деценија населението драстично се намалило. Овој пад продолжува и понатаму.[5]
Населението одгледува тутун, жито и други земојделски култури, а се занимава и со сточарство.[5]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads