Стреличарство на Летните олимписки игри 2016

From Wikipedia, the free encyclopedia

Стреличарство на Летните олимписки игри 2016
Remove ads

Натпреварите во стреличарство на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро се одржуваат од 6 до 12 август. Натпреварувањата се во четири дисциплини и се одржуваат во Самбадромот „Маркиз од Сапукај“.

Кратки факти Одржувалиште, Денови ...
Повеќе информации Стреличарство наЛетните олимписки игри 2016 ...
Remove ads

Формат на натпреварувањата

На натпреварувањата учествуваат вкупно 128 стреличари во четири дисциплини: мажи поединечно, жени поединечно, мажи екипно и жени екипно.[1]

Правилата се утврдени според правилникот на Светскиот стреличарски сојуз, со стрелно растојание од 70 метри. Натпреварот понува со пласмански круг во кој учествуваат сите 64 стреличари од секој пол. Секој учесник истрелува по 72 стрели и зазема место од 1 до 64, согласно освоените бодови.

Пласманскиот круг важи и на екипно ниво, каде екипата зазема место од 1 до 12, со собирање на поединечните бодови на нејзините членови.

Секоја дисциплина се одвива во едноелиминациски формат (олимписки систем), освен губитниците на полуфиналето, кои се соочуваат за бронза.

Поединечни дисциплини

Во првиот круг на поединечното натпреварување учествуваат сите 64 стреличари.

Бодувањето се води според правилото за најдобриот од пет обиди, секој по три стрели. Победникот во секој обид добива по два бода, а при изедначеност, секој од изедначените стреличари добива по еден бод. Доколку по петте обиди, исходот е изедначен (5–5), тогаш изедначените истрелуваат по една стрела, и победува оној што погодил најблиску до центарот.

Екипни дисциплини

Во екипното натпреварување, четирите најдобро котирани екипи од пласманскиот круг одат право во четвртфиналето. Останатите осум екипи (од 5. до 8. место) се натпреваруваат за преостанатите четири учеснички места во четвртфиналето.

Бодувањето е исто како во поединечните натпреварувања, што се случува за првпат во олимписката историја.

Remove ads

Распоред

Времињата се наведени по македонско време (UTC+2), а месното време (UTC−3) е во забелешка видлива со задршка на глушецот.

Повеќе информации Ден, Датум ...
Remove ads

Квалификации

Секој национаен олимписки комитет (НОК) може да учествува со највеќе шест натпреварувачи, т.е. тројца мажи и три жени кои би учествувале поединечно и во екипи од тројца. На олимпијадата можат да учествуваат 12 машки и 12 женски екиши, што значи 36 поединци преку екипна квалификација. Сите останати земји може да освојат највеќе по едно учесничко место за мажи и едно за жени во поединечна конкуренција.[2]

Како домаќин, Бразил има шест гарантирани учеснички места, и уште шест кои ќе ги одреди Тројната комисија. Останатите 116 места се доделуваат со квалификациите, на кои стреличарите ги заземаат местата допуштени за нивната земја, но не мора да значи дека со самото тоа ќе освојат и место за себе во поединечна конкуренција.

По добивањето на квотното место на земјата, за да можат да учествуваат, сите стреличари мора да имаат насобрано барем:

  • Мажи: 70 м, 630 бода
  • Жени: 70 м, 600 бода

Бодовите мора да биле освоени меѓу 26 јули 2015 (starting at the Светското стреличарско првенство 2015) и 11 јули 2016 г. на некое официјално натпреварување на сојузот.

Земји-учеснички

На олимпијадата се натпреваруваат стреличари од 56 земји.

Натпреварувачи

Remove ads

Освојувачи на медали

Список по земји

Medal table

Повеќе информации Место, Земја ...

Преглед

Повеќе информации Дисциплина, Злато ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads