Зимбабве на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зимбабве првпат учествувал на Олимписки игри под сегашното име во 1980 година, и оттогаш испратил натпреварувачи на сите изданија на Летните олимписки игри. Претходно, земјата настапувала на игрите по името Родезија во 1928, 1960 и 1964 година. На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, Зимбабве за првпат настапил на Зимски олимписки игри.
Спортистите на Зимбабве освоиле вклупно осум олимписки медали – три златни, четири сребрени и еден бронзен медал – во два спорта. Седум од медалите ги освоила пливачката Кирсти Ковентри во 2004 и 2008; а останатиот медал бил резултат на изненадувачката победа на репрезентацијата на Зимбабве во хокеј на трева на игрите во 1980 година.
Националниот олимписки комитет на Зимбабве е основан во 1934 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1980 година.
Remove ads
Табела на медали
Медали на Летни олимписки игри
Медали на Зимски олимписки игри
Медали по спорт
Remove ads
Освојувачи на медали
Remove ads
Историја
Јужна Родезија (сега Зимбабве) првично настапила како Родезија на Летните олимписки игри 1928 во Амстердам. Родезија потоа била отсутна од игрите сè до 1960 година кога Федерацијата на Родезија и Њасаленд се натпреварувала под името Родезија на Летните олимписки игри 1960 во Рим. Јужна Родезија потоа повторно настапила под името Родезија на следните олимписки игри во Токио.[1] Земјата на тој начин секогаш се натпреварувала како британска територија. Земјата немала можност да настапи на игрите во 1968 во Мексико, поради толкувањата на мексиканската влада на прописите на пасошите.[2] По декларацијата за независност на Ијан Смит за независна Родезија во 1970 година, државата повеќе не настапила на олимписки игри. Иако се вратила да се натпреварува на игрите во 1972 во Минхен, Родезија била отстранета од Меѓународниот олимписки комитет четири дена пред церемонијата на отворање на игрите, под притисок на другите африкански држави, кои не ја признавале легитимноста на родезиската држава и се заканиле со бојкот на игрите. Наследникот на државата, Зимбабве, своето олимписко деби го остварил на игрите во 1980 во Москва.
Родезија никогаш не учествувала на Зимски олимписки игри, и ниту еден родезиски натпреварувач не освоил олимписки медал.[3]
Поврзано
- Зимбабве на Параолимписките игри
- Список на знаменосци за Зимбабве на Олимписките игри
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads