Сурфање на Летните олимписки игри 2020

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сурфањето на Летните олимписки игри за прв пат се појавило на Летните олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија.[1] Олимписките игри првично бил планирани да се одржат во 2020 година, но биле преместени за 2021 година како резултат на пандемијата од КОВИД-19.[2][3]

Кратки факти Одржувалиште, Денови ...
Повеќе информации Сурфање на Летните олимписки игри 2020 ...
Remove ads

Предлог за вклучување

На 28 септември 2015 година, сурфањето било вклучено на потесен список заедно со безболот, софтболот, скејтбордингот, каратето и спортското качување за да се вклучи на програмата на Летните олимписки игри 2020 .[4] на 3 август 2016 година, Меѓународниот олимписки комитет изгласал за вклучување на сите наведени спортови на игрите во Токио 2020.[5]

Поставување

Во 2018 година, меѓународната сурферска асоцијација објавила дека сурфањето на Летните олимписки игри 2020 ќе се одржи на океан на отворено, наместо во вештачки базен со бранови.[6] Дополнително било одлучено дека натпреварите ќе се одржат на плажата Цуригасаки сместена на 64 километри од Токио во префектурата Чиба.[7] Со цел да се обезбедат квалитетни натпревари во сурфање, натпреварувањето вклучува 16 дневен период на чекање на добри услови. Штом започне, потребни се два дена за да се одредат победниците во двете конкуренции.[8]

Remove ads

Број на натпреварувачи

На игрите во Токио ќе учествуваат по 20 натпреварувачи во двете конкуренции.[9][10] Натпреварите се ограничени само на сурфање со кратка даска.[11] Доколку сурфањето е вклучено на следните игри во Париз 2024 или Лос Анџелес 2028, други категории како сурфање на долга даска, сурфање со тело и стоечко сурфање може да бидат вклучени на програмата.[12]

Земји учеснички

Квалификации

Натпреварувачите можеле да обезбедат учество на игрите преку следните натпреварувања:

  • Земја домаќин: На Јапонија како земја домаќин и е доделено по едно место во двете конкуренции (машка и женска). Доколку еден јапонски сурфер се квалификувал за игрите преку другите натпреварувања, релевантното место како домаќин се реалоцира на следниот највисоко рангиран на Светските игри во сурфање 2020.
  • Светска лига во сурфање 2019 – десетте највисоко рангирани мажи и осумте највисоко рангирани жени обезбедиле место на игрите.
  • Светски игри во сурфање 2019 – најдобро пласираните натпреварувачи од секој контитент со исклучок на Северна и Јужна Америка обезбедиле место на игрите.
  • Панамерикански игри 2019 – најдобро пласираните натпреварувачи во машка и женска конкуренција обезбедиле место на игрите.
  • Светски игри во сурфање 2021 – најдобрите 4 натпреварувачи во машка и 6 натпреварувачки во женска конкуренција обезбедиле учество на игрите.

Доколку еден национален олимписки комитет квалификува повеќе од максимално дозволениот број на натпреварувачи, местото се префрлува на следниот највисоко рангиран натпреварувач на Светските игри во сурфање 2021. Дозволено е учество на два натпреварувачи во двете конкуренции од еден ист национален олимписки комитет. [13]

Remove ads

Распоред на натпреварување

ГГрупна фаза ЧФЧетвртфинале ПФПолуфинале ФФинале
Повеќе информации Датум, 25 Јул ...

Натпреварите во сурфање се одржале во три дена, од 25 до 27 јули.[14][15]

Преглед на медали

Табела на медали

  *   земја домаќин (Јапонија)

Повеќе информации Место, Земја ...

Дисциплини

Повеќе информации Дисциплина, Злато ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads