Тарашкевица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тарашкиевица или Белоруски класичен правопис[1][2][3] (белоруски: тарашкевіца, клясычны правапіс[4][5][6]) е правописна варијанта на белорускиот јазик, која е заснована на современиот белоруски јазик. Оваа прва стандардизирана форма на јазикот била направена од Бранислав Тарашкиевич во 1918 година и била во официјална употреба во Белорусија сè до белоруската правописна реформа од 1933 година.[7][8][9][10][11][12][13][14][15][16] Од 1933, Тарашкиевицата била неформално користена во Белорусија и од белоруската дијаспора. Во потесна смисла на зборот, Тарашкиевицата се смета за јазична норма.[17][18]

Името потекнува од презимето на Бранслав Тарашкиевич и се користи за да се истакне сличноста со работата на Тарашкиевич и се претпоставува дека овој поим се појавил пред Втората светска војна.[10] Во 1994 година била воведена друга терминологија, класичен правопис, од страна на Винцик Вјачорка, кој е промотор и автор на современата кодификација на тарашкиевицата.[19] Во 2005 година со објавувањето на „Белорускиот класичен правопис“, современата кодификација на нормата била направена. Во 2007 година тарашкиевицата добила свој интернет код, tarask, односно целосниот код be-tarask.[20]
Remove ads
Правописни разлики
официјален правопис | тарашкиевица |
азбука | |
азбуката од 1918 | азбуката од 1918 година, но во 2005 година се вовела уште една бука, буквата ґ, кој го претставува гласот [ɡ]. |
асимилирање на омекнувањето на согласки | |
правописна форма не го означува омекнувањето. пр. снег, з’ява, дзве. | омекнувањето се врши со употреба на мек знак. пр. сьнег, зьява, дзьве. |
фонетски правопис | |
општо гледано е ограничен на неакцентирани самогласки. пр. стагоддзе, не толькі, тэатр. | широко распространет пр. стагодзьдзе, ня толькі, тэатар. |
транслитерација на странски имиња и зборови | |
слоговите [la], [lo], [lu] | |
најмногу се транслитерираат со употреба на тврдиот глас [l]. пр. план, логіка, Платон, клон, дысплей.
|
Овие се транслитерираат со употреба на мек глас [lʲ] во зборови од западноевропско потекло освен за англиски зборови каде се користи тврдиот глас [l]. Кај зборови позајмени од останати јазици, зборовите се транслитерираат според тоа кој глас, мек или тврд, се користи во оригиналниот јазик. пр. плян, лёгіка, Плятон, клон, дысплэй
|
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads