Тодорка Кондова-Зафировска

македонска глумица и режисерка From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Тодорка Кондова-Зафировска (1 февруари 1926 во Прилеп29 мај 2003 во Скопје) — македонска глумица и режисерка.[1]

Кратки факти Тодорка Кондова-Зафировска, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Тодорка завршила Театарска академија во Белград, на Отсекот за режија (1952). Таа била член на драмата во МНТ (1945-1964) и во Драмскиот театар од 1964 година до пензионирањето. Нејзиниот творечки опус е обемен, раскошен според карактерот и димензиите и се вбројува во редот на остварувањата на избраните великани на македонското глумиште. Таа се искажува како драмска, филмска, радио и телевизиска глумица, режисерка и професорка по глумечко мајсторство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, коешто и го потврдило со објавениот учебник „Глумечко мајсторство“.

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1967Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија
1968Лудиот и калугеррицата ТВ-филм
1971Земјаци ТВ-филм
1972Пријатели ТВ-филм
1973ТВ ребус ТВ Мини серија
1973Недела ТВ-филмАнгелина
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1977Дожливото Сонце ТВ-филм
1977Итар ПејоВасилика
1980Учителот ТВ-филм
1981Самотија ТВ-филмМилјана
1982Илинден ТВ-серија
1982Јагне на ражен ТВ-филмЛена
1984Нели ти реков ТВ-филм
1984-1987Случки од животот ТВ-серијаАна
1986Солунски патрдии ТВ-серијаЕвдокија
1988Викенд на мртовци ТВ-серијаАтина
1989Цвеќе на карпата ТВ-филмДокторка
1992Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија
Remove ads

Награди

  • Награда „11 Октомври“ (1960) и (1983)
  • Награда „Уметник на годината“ според анкетата на „Екран“ (1980)
  • Награда на весникот „Дневник“ од Нови Сад, за улогата на ликот царицата во претставата „Јане Задрогаз“ (1975)
  • Награда „13 Ноември“ (1984)
  • Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (1992)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads